1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Анан во потрага по поддршка за траен мир на Блискиот исток

Генералниот секретар на ОН по разговорите со политичкиот врв во Бејрут отиде да ги посети меѓународните трупи на југот на Либан. По пат виде во каква состојба е разурнатиот регион кој беше најпогоден во војната. Во рамките на 11 дневната блискоисточна турнеја Анан попладне оди во Израел, а потоа во Сирија. Секаде бара поддршка за мировниот план.

Кофи Анан

Кофи Анан

Кофи Анан со хеликоптер одлета од Бејрут во Јужен Либан. Отиде во местото Накура, кое е неколку километри од границата со Израел, кад се наоѓа главното седиште на досегашната УНИФИЛ мисија. На краткото патување генералниот секретар на ОН, можеше од воздух да добие слика за тешкото разорување на регионот кој беше средиште на борбирте меѓу израелската армија и Хезболах. Во овој регион сега треба да се стационираат 15 000 сини шлемови на ОН, кои заедно со исто толкав број војници од либанската армија во тампон зоната треба да го обезбедуваат примирјето. Анан претходно во Бејрут на своите соговорници уште еднаш категорично им нагласи, дека без целосно спроведување на резолуцијата 1701 многу е можно обновување на борбите. Анан притиска за побрзо одвивање на работите. Но, тој ќе ги види првите 3000 до 4000 меѓународни војници во Либан кон крајот на неделата. Меѓу нив најголем број ќе бидат војници од европските земји. Тој беше категоричен околу интерпретацијата на резолуцијата:

„Во резолуцијата стои јасно дека во јужен Либан никој друг освен либанската армија и меѓународните трупи не смеат да имаат оружје,“ додавајќи дека сепак војниците нема да одат од куќа до куќа и да проверуваат дали некаде има оружје. „Тоа не е нивната задача“, нагласи Анан. Анан и во оваа пригода јасно порача дека задача на либанската влада и либанскиот народ е да осигураат дека во јужен Либан нема повеќе да има вооружени Хезболах милиции.

Ваквите изјави не им се баш по вкус на израелските претставници со кои Анан треба да се сретне во текот на денот. Израел уште во понеделникот објави дека тргнувањето на нивната воздушна и поморска блокада на Либан е условено со сините шлемови да го разоружаат Хезболах и да стават посилна контрола на сириско-либанската граница. Но, Анан во Бејрут јасно кажа дека тоа не е задача на сините шлемови. На агендата на единаесетдневната турнеја на Анан по Блискиот Исток се и посета на Сирија и Иран,

земјите поддржувачи на Хезболах, кои треба да ги убеди да играат поконструктивна улога во блискоисточниот мировен процес. Само со целосна поддршка од сите земји може да се направи напредок во постигнувањето на траен мир.