1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Анан во Израел

Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан е на турнеја по Блискиот исток за да го подготви засилувањето на досегашната УНИФИЛ мисија. Вчера од Либан допатува во Израел каде што веќе разговараше со министерот за одбрана Амир Перец, а денеска ќе има средба со израелскиот премиер Ехуд Олмерт.

Анан бара укинување на блокадата на Либан

Анан бара укинување на блокадата на Либан

Израелската поморска и воздушна блокада ќе биде укината дури тогаш кога либанската армија и сините шлемови ќе бидат во состојба да го спроведат ембаргото за оружје против Хезболах. Ова го изјави израелскиот министер за одбрана Амир Перец во разговорот со Анан во Ерусалим. Трансферот на оружје од Сирија и Иран за Хезболах мора да биде прекинат. Анан, за разлика од јавните изјави, покажал разбирање за овој став на Израел, јавува израелскиот весник „Хаарец„. Анан признал дека блокадата мора да продолжи се додека сините шлемови не бидат во целост стационирани по должината на границата меѓу Либан и Сирија. Освен тоа Перец на Анан му соопштил индиции за напорите на Сирија и Иран да ги дополнат арсеналите оружје на Хезболах. Сепак, генералниот секретар опстојува на целта за ослободување на сообраќајниците во Либан:

„Мораме да работиме врз укинувањето на поморската и воздушната блокада. Тоа е понижување за Либанците„.

Анан искажа убеденост дека веќе задутре бројот на сините шлемови од сегашните 2 ипол ќе се удвои на 5 илјади војници. За повеќето прекршувања на примирјето Анан одговорноста ја префрли врз Израел. Во околу 100 случаи, главно тоа го правело изарелското воено воздухопловство. Меѓутоа, министерот Перец укажал на пасаж од резолуцијата 1701 што за Израел е од централно значење: ослободување на израелските војници грабнати од страна на Хезболах. Пред почетокот на разговорите со Анан, Перец изјави:

„Кофи Анан е свесен за тоа. Јас ќе укажам на таа неопходност кога ќе разговараме. Прашањето на затворениците во резолуцијата 17012 е решавачко„.

Инаку, по денешниот разговор со израелскиот премиер Ехуд Олмерт, Анан во Рамала ќе има средба и со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Ситуацијата во палестинските подрачја во текот на изминатите денови повторно се влоши. Вчера стотици Палестинци демонстрираа против владата на Хамас, барајќи исплата на платите за изминатите шест месеци. Израелската армија пак, не ги прекина воените операции против можните милитанти: од почетокот на оваа недела во нив загинаа најмалку 20 Палестинци.