1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Анан во дипломатска мисија во Москва и Пекинг

Специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија, Кофи Анан, во Москва разговараше со руското раководство за неговата иницијатива за примирје, а ќе побара поддршка и од Пекинг.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев му вети помош на специјалниот прaтeник на ОН и Арапската Лига Кофи Анан во потрагата по решение на сирискиот конфликт. „Вашата мисија е најверојатно последна шанса за Сирија да избегне граѓанска војна“, изјавил денеска (25.03) Медведев на средбата во Москва, пренесува агенцијата Интерфакс. Анан упати молба до Русија за поддршка при организирањето на хуманитарна помош.

„Русија ја поддржува мисијата на Анан и сака да покаже не само со зборови, туку и со дела, дека е заинтересирана за завршување на конфликтот во Сирија“, изјави советникот на Медведев, Сергеј Приходко, за агенцијата Интер-Тас.

waffen homs syrien

Оружјето во Сирија не мирува

Претходно, Анан се сретна и со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

По разговорите во Москва, Анан за својата иницијатива ќе побара поддршка и од Пекинг. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека Кина им придава значење на посредничките напори на поранешниот генерален секретар на ОН. Засега, меѓутоа, нема информации кој од кинеска страна ќе ги води разговорите со Анан во вторник и во среда.

Поради противењето на вето-силите во Советот за безбедност на ОН Кина и Русија, досега пропаднаа две резолуции за Сирија во највисокото тело на светската организација.

Фузија на вооружениот отпор

Во Сирија и во текот на викендот продолжуваат вооружените судири. Опозиционите вооружени сили јавија дека се споиле во заеднички Воен совет, за да можат подобро да ја координираат борбата против режимот на Асад. „Слободната сириска армија“, во која членуваат пред се’ дезертирани сириски војници објави фузија со војниците на генералот Мустафа ал-Шаих. Ал Шаих е еден од највисоките по ранг воени лица, кој му го сврте грбот на режимот на Асад. Пактот, според информации на агенцијата Франс прес, бил потпишан во Турција. Канцеларијата за воени прашања на опозициониот Сириски национален совет не се приклучило кон сојузот.