1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Амнести ја критикува дискриминацијата на муслиманите

Амнести интернешнл тврди дека во некои држави на ЕУ постои често дискриминација на муслиманите на работното место или во училиштата.

Шамија, брада, минариња-симболите на муслиманите и нивната јавна определдна кон својата религија често не се радо видени во Европа. Во многу места на муслиманите им се видно ограничени човековите права, предупредува организацијата Амнести интернешнл. Во извештајот на организацијата за заштита на човековите права објавен денеска, се оценува ситуацијата на муслиманите во Белгија, Франција, Холандија, Шпанија и Швајцарија. Извештајот документира примери на дискриминација врз религиозна основа како и влијание врз животот на муслиманите.

Критика на забраната за носење бурка

Амнести меѓу другото ја критикува забраната за целосно покривање на телото со шамија или бурка.

„Носењето религиозни или култруни симболи е дел од слободата на мислење и вероисповед“, подвлекува Марко Перолини, експерт на Амнести за прашања на дикриминацијата.

Во сите пет земји опфатени со извештајот во минатите десетина години се вршени забрани за носење шамија во училиштата, велат експертите на АИ. Организацијата ја критикува и практиката на забрана за носење религиозни симболи во многу фирми.

Забраната за изградба објекти ја поттикнува омразата кон муслиманите

АИ не ја оправдува ни забраната за градење минариња во Швајцарија како и рестрикциите при изградбата на џамии во Шпанија. Вакви практики поттикнуваат непријателство кон исламот.

„Врз муслиманите се префрла одговорноста за случувањата на Блискиот Исток и во Африка“, ја цитира АИ изјавата на муслиманка која живее во Швајцарија.

„Луѓето на улица ме навредуваа со непријатни коментари. Еден човек ми се развика да ја симнам шамијата од глава“, се жали муслиманката.

Амнести апелира до владите да не вршат рестрикции од типот на забрана за носење шамија и да овозможат секому практикување на својата религија.

„Во многу европски земји е раширено сфаќањето за прифатливоста на исламот само доколку муслиманите не паѓаат в очи со својата вера“, констатира експертот Перолини.

Политиката има обврска да се спротивстави на ваквите сфаќања, наведува АИ.