1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Амнести: Човековите права во Македонија се влошени

Организацијата за човекови права Амнести Интернешенл во својот годишен извештај констатира дека во 2011. година во Македонија имало влошување на почитувањето на човековите права.

Амнести Интернешнл во делот за Македонија наведува дека во 2011. година се заостриле тензиите меѓу различните етнички групи во земјата: „Повод беше изградбата на националистички споменици, кои се однесуваат на етничките Македонци. Во февруари етничките Албанци, меѓу кои и претставници на ДУИ, се обидоа да спречат изградба на музеј во форма на црква на Калето во Скопје. Притоа беа повредени осум лица. Во октомври беше прекинат пописот на населението непосредно по почетокот, поради тоа што не можеше да биде постигната согласност дали етничките Албанци кои живееле надвор од Македонија подолго од една година треба да се бројат или не“, се наведува во извештајот.

Во делот за кривично гонење на воени злосторства, организацијата за човекови права потсетува дека во јули 2011 година беше надополнет Законот за амнестија од 2002. година, со што „од кривично гонење беа ослободени лицата кои учествувале во вооружениот конфликт од 2001. година, освен во случаите кои

Mazedonien Justiz Appellationsgericht

се под јурисдикција на Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг“. Амнести Интернешенл оценува дека „според надополнувањето (Автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија н.з.) четирите случаи за воени злосторства кои Меѓународниот суд и‘ ги врати на Македонија во 2008. година можат да бидат третирани само од страна на Меѓународниот суд во Хаг, но не и од страна на домашните судови, со што Македонија ги прекрши своите меѓународни обврски“.

Забелешки на сметка на Македонија има и во делот на полициското делување. „Злоставувањата од страна на полицијата и натаму не се казнуваат. Обвинителствата не успеваат ефикасно и темелно да ги проверат обвинувањата. И натаму има извештаи за злоставувања од страна на полициските единици Алфи“, оценува Амнести во извештајот во чие продолжение е споменато убиството на Мартин Нешковски и бранот протести што тоа ги предизвика, како и апсењето на припадникот на Тигрите и отворањето на кривичната постапка во случајот, во ноември 2011. година.

Во извештајот е содржан и случајот на Калед ел Масри и неговата жалба против Македонија пред Судот за човекови права во Стразбур. Што се однесува до правото на слобода на изразување на мислењето, Амнести Интернешнл оценува дека „новинарите и соработниците во независните медиуми во 2011. година сметаат дека правото на слободно изразување на мислењето им било се‘ повеќе попречувано поради интервенции на владата“, што опфаќа широк дијапазон потези „од директни обиди за заплашување се‘ до контрола врз рекламните агенции“. Наведено е дека до октомври биле покренати тужби за клевета во 105 случаи, голем дел од страна на владини претставници. Особено е потенцирана високата казна во случајот на новинарката на Фокус, Јадранка

NO FLASH Fernsehsender TV A1 Mazedonien

Костова. „Во јануари властите ги замрзнаа сметките на телевизијата А1, како и со нејзе поврзаните весници Време, Шпиц и Коха е Ре, кои беа критички настроени кон владата. Претходно, во декември 2010. година, уапсени и затворени беа сопственикот на А1 ТВ и 14 други лица, осомничени за измама и затајување данок. Врз процесот што следуваше се вршеше силно политичко влијание, а освен тоа има и забелешки поради должината на притворот“, се вели во извештајот на Амнести, во кој стои уште и дека „промените на Законот за радиодифузија донесоа засилена контрола од страна на владата врз Советот за радиодифузија, кој е надлежен за електронските медиуми“.

На крајот на извештајот, посветен на дискриминацијата, е наведено дека во јануари 2011. година стапил во сила Законот за антидискриминација, дека се

Roma Kinder in der Schule in Skopje

продолжува со спроведување на Охридскиот рамковен договор, но и декасегрегацијата на децата етнички Албанци и Роми во образовниот систем продолжува“. Македонија во јули 2011. година го презеде претседавањето со „Декадата на интеграција на Ромите“, но како што е констатирано до страна на Амнести, „не успеа да стави на располагање доволно средства за спроведување на соодветните акциони планови или национални стратегии за поттикнување на жените Ромки“.

Во текот на изминатата година, наведува организацијата за човкеови права, во Македонија живееле 1519 баратели на азил, од кои 1100 Роми и Ашкали од Косово. Министерството за труд и социјална работа „не им дало финансиска поддршка или сместување, иако, според еден договор за интеграција од 2010 година било обврзано на тоа“.