1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Амнести Интернешнл: Тешки повреди на човековите права во ЦАР

Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнл (АИ) ги обвини како исламистичките така и христијанските милиции во Централноафриканската република (ЦАР) за тешки повреди на човековите права.

Мнозинство поранешни муслимански Селека бунтовници во Централноафриканска Република во напад во главниот град Банги на почетокот на декември убиле речиси 1.000 лица , се вели во извештајот на „Амнести интернешнал“. Нападот бил организиран како одмазда поради претходен напад на христијанските милиции. Овој биланс е значително поголем од претходните проценки на ОН, според кои убиени биле 450 луѓе во Банги и уште 150 лица на други места.

Дводневното насилство на борците на поранешната бунтовничка група Селека следуваше откако христијанските милиции во одделни делови на престолнината влегувале „од врата на врата“ и притоа убиле околу 60 муслимани, се наведува во соопштението.

„Собраните информации несомнено покажуваат дека сите страни во конфликтот извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото“, рекол експертот од Амнести за централна Африка, Кристијан Мукос.

И Хјуман Рајтс Воч (ХРВ) претстави слична шокирачка слика на меѓурелигискиот конфликт во ЦАР. Двете организации, АИ и ХРВ, бараат решителен ангажман на Обединетите Нации за заштита на вицилното население во африканската земја.

Франција, по крвопролевањата во оваа земја, испрати 1.600 војници за да ги засили тамошните трупи и да се обиде да воспостави мир.