1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

“Амнести Интернешнл“ со тешки обвинувања за Израел

Организацијата за човекови права, Амнести Интернешнл, со остри обвинувања на сметка на Израел. Според Амнести – во петнеделната војна во која загинаа 1 100 луѓе, не може да се говори за колатерални штети, туку за целни напади и стратегија.

Логото на “Амнести Интернешнл“

Логото на “Амнести Интернешнл“

Обвинувањата на Амнести Интернешнл се тешки – во текот на офанзивата против Хезболах, Израел смислено напаѓал цивилни цели, и тоа било дел од воената стратегија. Во нападите врз инфраструктурата во Либан не бил вршен избор и тие биле несоодветни на условите, па со самото тоа престтавуваат воено злосторство. Она што беше претпоставувано уште во јули,с ега се потврдува, вели Ахмед Карауд, претставник на Амнести Интернешнл:

“Она што во тие денови се случувало стигнува до воено злосторство – не само што се целело врз цивили и цивилни објекти, туку бројот на цивили и цивилни објекти кои што биле напаѓани растел постојано. Затоа од Советот за безбедност веднаш побаравме да преземе итни мерки за заштита на цивилите во овој либанско-израелски конфликт.“

Но, билансот на Амнести покажува дека цивилите не добиле заштита. Во повеќе од 7 илјади напади од воздух и 2 500 напади од море, загинале околу 1 200 луѓе, од кои една третина се деца. Милион луѓе се во бегство. Уништени се 15 илјади куќи, 25 бензиски пумпи, две болници, 900 продавници или фирми, 80 мостови и 90 улици. Освен тоа штети имаат и извори, водоводи, електрични централи, светилници, како и најголемата млекарница во земјата.

Според Амнести, прецизноста на гаѓање на целите покажува дека не станува збор за колатерални штети, туку дека армијата намерно ги гаѓала токму тие објекти. На пример, има куќи кои се гаѓани во носечките столбови, по што куќата од тежината сама се урива. Или, има села во кои се уништени само супермаркетите. Аргументот на Израел дека Хезболах ги користел цивилите и цивилните објекти како заштита, според Амнести не вбажи. Тоа тврдење е неверодостојно поради урнекот и обемот на израелските напади, бројот на цивилните жртви и обемот на уништувањето, се вели во Амнести. Предмет на зивештајот на оваа организација за човекови права е само израелската офанзива, а не и нападите на Хезболах. Со нив, како што се вели, ќе се занимава во друга пригода.