1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Амнестија на изнесениот капитал од Македонија - да или не?

Различни се проценките за обемот и потеклото на капиталот што македонските транзициски бизнисмени го чуваат во светот. Првиот даночник ја реобнови идејата за таканаречена амнестија на капиталот. Експертите се поделени.

default

„Повеќе сум приврзеник на идејата да се врати, да се амнестира тој капитал што се чува во странски банки, се’ додека не се докаже дека неговото потекло е од илегални трансaкции“, вели професор Горан Коески од прваниот факултет.

Неговиот колега Ванчо Узунов со спротивен став. „Треба многу добро да се размисли, пред да се преземе нешто во тој правец на амнестија, што тој капитал ќе прави? Ние сега ќе очекуваме Македонија да развива валкан капитал?“, истакнува Узунов.

Поларизираните реакции на експертите се дел од поделеноста на јавноста и резервираноста кај владата да иницира конкретни законски измени со кои ќе се гарантира слободно и неказнето внесување на девизите, што граѓаните ги чуваат на странски конта, на тековни сметки или платежни картички, но истовремено да се легализира и огромното количество на домашен капитал што се чува надвор од земјата. „Постојано сум против тоа да се овозможи амнестија на капиталот, особено на оној кој е стекнат на нелегален начин и нелегално изнесен од државата“, вели Слаѓана Тасева.

Mazedonien Land und Leute

„Амнестијата на капиталот, како мерка е во ред. Неа ја спровеле повеќе држави, но недовербата во институциите и континуитетот во политиката и законите ги прави резервирани македонските тајкуни кон можноста легално и еднократно да се врати во Македонија капиталот што тие го чуваат во странските банки“. Ваков став во неделникот „Капитал“ изнесе менаџерот Свето Јаневски. Тој припаѓа на таканаречената десетка олигарси, која ја предводеше приватизацијата на најголемите фирми во Македонија. „Постојат во компаративната практика и случаи кога ги третираат како странски инвестиции, враќањето на тој капитал, а им се даваат поволностите што им се даваат и на странските директни вложувачи. Намерно се даваат такви олеснувања, за да се привлечат условно таквите транзициски богаташи или олигарси да го вратат таквиот капитал во државата“, вели за ДВ професорот Горан Коевски.

Од истиот правен факултет во Скопје е економскиот експерт професор Ванчо Узунов, кој тврди дека нема никаква статистичка и економска проценка за колку средства се работи. „Не повеќе од неколку стотина милиони долари,

Euro Scheine Geld

зашто значаен дел од нив веќе е вратен во земјата под превезот на странски компании и оф-шор фирми во инвестиции што бизнисмените ги прават во Македонија. Тврдам дека поголема ќе биде штетата од легализацијата на валканиот капитал, отколку евентуалното подигнување на производството, инвестиции во развој. Значаен дел од таквите пари може и сега легално да влезат преку инвестициските фондови, каде е загарантирана анонимноста на сопствениците“, вели за ДВ професор Узунов. Според него сите вакви потези се краткорочни, и нема да имаат ефект се’ додека не се создаде регионален амбиент за вакви зафати и турбуленции во правниот и економскиот систем на една земја.

Странските инвестиции годинава нема да бидат повисоки од 100 милиони евра. Скапи се и деловните кредити за фирмите што сакаат да вложуваат во развој.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска