1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Амнестија за Хашките случаи

Амнестија за четирите ткн. хашки случаи и надоместок за инвалидност и социјално згрижување на борците на поранешната ОНА, договориле коалициските партнери Груевски и Ахмети во пресрет на формирањето на новата влада.

default

На десетгодишнината од воениот конфликт Владата на Груевски-Ахмети го затвора досието за последните 4 случаи на мошни воени злодела во судирите од 2001 година. Со парламентарно толкување на Законот за амнестија, со кои пред една деценија запре гонењето на борците на ОНА, сега како помилувани ќе се сметаат и нејзини припадници, кои во четирите случаи сториле воени злосторства против човештвото казниви со меѓународното и домашното право.

Во политичкиот договор меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за составување на новиот владин кабинет, преку оваа форма на законодавно-правно решение, треба конечно да се затвори досието за македонскиот конфликт и да се интензивира големиот процес на етничко помирување и толеранција.

Откако Парламентот ќе донесе толкување на опфатот на амнестијата, ќе запрат судските или обвинителните постапки за киднапирањето Македонци и Албанци, за малтретирањето на „мавровските работници“, затворањето на вентилите од Липковската брана со што Куманово со недели беше без вода, како и командната одговорност за Али Ахмети и неговиот потесен воен кадар, што раководеше со шестмесечните борби против македонските безбедносни сили.

Експертски толкувања

Mala Recica Tetovo

Али Ахмети

За експрипадниците на ОНА, од кои некои беа или се избрани за пратеници, првобитните кривични досиеа ги оформи Обвинителот за воени злосторства на Меѓународниот кривичен суд Карла дел Понте и шест години чекаа за судење во Хаг. Тие најпрво беа одземени од надлежност на домашните судови, а пред три години сепак беа вратени во Македонија под јурисдикција на нејзините правосудни органи, откако хашкиот обвинител се откажа од ново гонење. Потоа се подготвија специјални одделенија и простории во истражните затвори и скопските судници. Од тогаш државниот обвинител Шврговски отвори случаи само за малтретирањето на мавровските работници, врз чии грбови, во крв, без исцртани симболите на ОНА, а експертите се изјаснуваа дека овие воени злодела никогаш не застаруваат и треба да завршат со мериторна пресуда.

Дел пак од политичко-експертска јавност во албанската етничка заедница тврдеше дека нема основ за процесуирање на дела за воени злосторства, зашто тие се случиле за време на воениот конфликт иако меѓу настраданите имаше и невини цивилни жртви, при што и денес е енигма кој ги киднапираше 14-те Македонци од тетовските краеви и 5-те Албанци, чии тела беа пронајдени во една јама околу кичевско.

Згрижување на припадниците на ОНА

Од воениот конфликт Хашкиот трибунал единствено го осуди припадникот на

Makedonischer Soldat mit Scharfschützengewehr

специјалните безбедносни сили Јохан Тарчуловски. Тој издржува 12- годишна казна во Шевенинген и Берлин, по неговото прогласување за виновен за загинувањето цивили при интервенцијата во скопското село Љуботен. Поради недостиг на докази од командна одговрност, во истиот случај беше обвинет, па ослободен, тогашниот екс-министер за внатрешни работи. По неговото враќање во Скопје Љубе Бошковски беше дочекан од Премиерот Груевски, како национален јунак, но потоа, се разделија како лути политички противници. Ден по завршувањето на изборите лидерот на Обединети за Македонија бше притворен поради сомневање за илегални трансакции за време на изборната кампања.

Затворањето на хашките случаи беше дел од познатиот мајски писмен договор Груевски-Ахмети од 2008 година кога беше формирана нивната прва заедничка Влада. Но оттогаш не беше реализирано барањето на ДУИ за социјално згрижување на припадниците на ОНА. Според најновиот дил, пред објавувањето на третиот кабинет на мандатарот Груевски, што најверојатно ќе се случи денес или утре, борците од албанската заедница нема да добиваат пензии, туку надоместок за инвалидност и социјално згрижување на дел од нивните семејства. Припадниците на македонските безбедносни сили, собрани околу „Достоинство“, повеќе години бараат социјално - статусни права, но парламентарното мнозинство, од претходниот состав, го одби и нивното законско решение.


Автор: Александар Чомовски

Редактор: Борис Георгиевски