1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Америка ѕемне

Националната метеоролошка служба во Америка зборува за „неверојатни“ темеператури. Над Северна Америка вее најстуден ветер во последните две децении. Властите на граѓаните им препорачуваат создавање залихи со храна.

По снежната бура на североистокот на САД, сега доаѓа арктички студ. Метеоролозите за денеска (05.01.) попладне по локално време во регионот од Монтана до Мичиген предвидуваат температури од минус 23 до минус 29 степени. Во текот на ноќта термотерите може да покажат дури и минус 34 степени. Поради ветрот, температурата ќе се чувствува како минус 45 до минус 50 степени, велат метеоролозите. Тоа значи дека на незаштитена кожа за само пет минути може да настанат смрзнатини, предупредуваат експертите.

Властите на сојузните држави погодени од студот ги повикаа граѓаните да останат дома и да се снабдат со резерви на храна. Во Њујорк и Њу Џерси дури е прогласена и вонредна состојба.

USA / Schnee / Satellit

Речиси непрепознатлива - сателитска снимка од Северна Америка, која е речиси целосно бела

Во метрополите, поради големиот студ и мраз, сообраќајот е во хаос. Илајдници луѓе и натаму се заглавени на аеродромите поради откажани летови. Гoлемата зима предизвика и стотици сообраќајни незгоди на замрзнатите коловози, во кои животите ги загубија голем број луѓе. Ветрот во Њујорк го носи снегот дури и во подземната железница, па поради тоа сега и под земја има чекалници со снег.