1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Америка и помага на Азија

Џорџ Буш, неговиот татко и нивниот стар непријател Бил Клинтон на заедничка прес конференција. Двајцата поранешни претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш сениор ќе стојат на врвот на новата иницијатива, која треба да ги поддржува донациите на американските претпријатија и граѓани. Ова во понеделникот го најави претседателот Буш во присуство на двајцата претходници во Белата куќа. Буш минатата недела беше кр

Претседателот Буш и неговите претходници

Претседателот Буш и неговите претходници

�тикуван, бидејќи неколку денови по катастрофата го продолжи божиќен одмор на неговиот ранч, без притоа да се обрати до јавноста. Сега, преку голема донаторска акција има намера да стори нешто за жртвите од цунами.

Американскиот претседател Џорџ Буш ги именуваше неговите двајца претходници за раководители на донаторската акција за жртвите од цунами. Бил Клинтон и таткото на претседталот, Џорџ Буш сениор со јавни настапи и преку лични контакти треба да придонесат за собирање дополнителни средства за помош во погодените области:

“ Претседатлите Клинтон и Буш директно ќе го замолат американскиот народ, да донира во сигурни хумантарни организации.”

Буш изминативе денови во земјата и во странство беше масовно критикуван бидејќи во јавноста се појави прво многу доцна а второ со екстремно скржава понуда за помош.

Во меѓувреме САД ја зголеми помошта на 350 милиони долари, што е минимално, имено САД од друга страна ги ангажира војниците кои се наоѓаат на местото на несреќата. Според владини извори во моментов во хуманитарен ангажман се 14.000 американски војници, подржувани од авионски носач со хилихоптери како и повеќе транспортни авиони.

Заедничкиот настап на Буш и неговите претходници подвлекува дека претседталот, помошта за катастрофата има намера да ја претвори од државно во повеќе приватно дело

“Големиот извор на американската широкоградост не е владата, туку доброто срце на Американците.”

Голем број американски претрпијатија во изминатите денови донираа и по повеќе милиони долари, слично како во Германија и другите држави донираат и американските граѓани. Но за да не се оптоварува дополнително државата, инаку презадолжена порди војната во Ирак, донторскио износ мора драстично да порасне, тоа имено е и задачата на Џорџ Буш сениор и Бил Клинтон.