1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Америка да остане водечка економска сила во светот

Во одделни подрачја други нации ги претекнуваат САД и затоа треба сега да ги здружиме силите за да го спречиме заминувањето на нашата нација во „втората лига“ - порача Обама пред пратниците од двата дома на Конгресот.

default

Обраќање до нацијата: Барак Обама на Капитол Хил

Барак Обама сака да му помогне на американското стопанство со нови инвестиции во инфраструктурата, научните истражувања и образованието. Само така може да му дадеме нов поттик на стопанството и да ја зaдржиме водечката улога во растечката меѓународна конкуренција, порача американскиот претседател во говорот за состојбата на нацијата пред двата дома на парламентот. Преку засилените државни инвестиции во научните истражувања и образованието треба да создадеме нов бран на иновации, со што ќе создадеме нови индустриски гранки, а со тоа и нови работни места, рече Обама.

Соработка место борби за моќ

За тоа е неопходно Демократите и Републиканците да ги здружат силите наместо да ги трошат на взаемни обвинувања и политички борби за моќ: „Уверен сум дека мораме. Тоа го очекуваат оние кои не’ испратија овде. Со нивните гласови на изборите тие одредија дека двете големи партии треба да ја поделат одговорноста во владеењето со земјата“, оцени Обама.

Obama bei der Rede zur Lage der Nation 2011

Демократите и Републиканците да ги надминат соперништвата

Претседателот на државата покажа готовност на компромиси со Републиканците, кои располгаат со мнозинство во Конгресот, но исто така испрати и јасни знаци дека нема намера да ги поништи реформските зафати кои до сега успеа да ги протурка низ парламентот - како на пример здравствената реформа.

Натпревар со новите економски сили

Наместо вечни препирки околу веќе донесените закони, Обама ги повика опозициските Републиканци на соработка во идните проекти. Таа им е итно неопходно на САД: „Мораме да го надминеме остатокот на светот на пример на полето на иновациите и образованието. Мораме да обезбедиме Америка да биде најдоброто место на светот за правење зделки. Исто така мораме да го ставиме под контрола државниот долг и да ја реформираме нашата влада!“

Barack Obama nach der Rede zur Lage der Nation 2011

Пратениците го поздравуваат Обама по обраќањето до нацијата

Обама не појасни како мисли да ги намали долговите истовремено со најавите за инвестиции во инфраструктурата и научните истражувања. Затоа, пак, како една од целите Обама објави дека САД до 2035 година треба да покриваат дури 80% од потребите по електрична енергија од обновливи извори, наместо досегашната преголема зависност од нафтата.

Малку простор за надворешната политика

Американскиот претседател им посвети малку време на надворешно-политичките теми. Тој ги истакна успесите на бојното поле во Авганистан и потврди дека првите американски војници ќе почнат да се повлекуваат според планот во јули годинава. Обама истовремено најави продолжување на решителната борба против терористичката мрежа на Ал Каеда. Претседателот му изрази и отворена поддршка на демократското движење во Тунис: „Да биде јасно: САД се на страната на народот во Тунис и ги поддржуваат демократските настојувања на сите народи!“

Автор: Кристина Бергман/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска