1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американците ќе ги објават документите на Бин Ладен

Една година по смртта на Осама бин Ладен, САД планираат уште оваа недела да ги објават документите запленети во скривалиштето на шефот на Ал Каеда во Пакистан.

Американската јавност наскоро ќе може да прочита некои од последните запишани или истипкани забелешки на убиениот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, соопштија американски официјални извори. Центарот за борба против тероризмот на американската Воена академија има намера неделава на јавноста да и претстави документи, што вклучуваат коресподенција меѓу лидерот на Ал Каеда и неговите соработници, како и со рака напишаниот дневник на Осама бин Ладен.

Американските специјалци го собрале овој материјал кога на 2. мај лани упаднаа во комплексот во кој се криел Бин Ладен во Аботабад, во Пакистан, каде тој потоа беше ликвидиран.

Документите ќе бидат достапни на веб страницата на Воената академија од Вест Поинт.

Во документите Бин Ладен меѓу другото се жали дека неговата организација доживува „катастрофа по катастрофа“, изајви најпознатиот советник за антитероризам во американската ввлада, Џон Бренан вчера во Вашингтон.

Пред својата смрт шефот на терористичката мрежа размислувал околу ново име за неа, со цел повторно да ја направи атрактивна, истакна Бренан.

Бин Ладен се жалел што САД во меѓувреме не зборуваат за „војна против тероризмот“ и поради тоа се‘ помалку муслимани се чувствуваат навредени. Тој барал од своите следбеници да ги избегнуваат племенските области во Пакистан, каде Американците вршат авионско надгледување и бомбардирање.

Една година по смртта на шефот на Ал Каеда, Бренан ја претстави организацијата како заслабена и со можност уште оваа година да биде победена. Ал Каеда преку американските напади со беспилотни летала претпре „тешки“ загуби и сега е само „сенка на самата себе си“, истакна американскиот експерт за антитероризам.