1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американците ја менуваат стратегијата кон Иран

Цел на нападите нема да бидат атомските постројки,туку иранската револуционерна гарда и нејзините кампови за обука. Новите планови ги откри американскиот новинар,добитник на Пулицеровата награда,Сејмор Херш.

default

Чејни повторно притиска

Официјално,владата на американскиот претседател Џорџ Буш се залага за поостри мерки против атомската програма на Техеран.Но,неофицијално Американците очигледно ја менувааат стратегијата во спорот со Иран.

Пред неколку недели амерканскиот Генералштаб ги преработил плановите за можен напад против Иран,на инсистирање на американскиот потпретседател Дик Чејни,дознава Сејмор Херш.Додека порано беа планирани масивни бомбардирања,сега тежиштето е на целни напади против Револуционерната гарда,во Техерн и други места:

„Тие ќе го нападнат главниот штаб на Револуционерната гарда и нивните објекти.Наместо голема операција,сега е предвиден прецизен хируршки зафат.“

Нова аргументација

Според информациите на Херш,владата на Буш се концентрира врз гардата,зашто не може да ја убеди јавноста во опасноста од иранската атомска пррограма,масовно бомбардирање не би имало поддршка.Освен тоа,Белата куќа и тајните служби сметаат дека на Иран му требаат најмалку пет години додека да направи атомска бомба.

Аргументацијата за ограничени напади врз Револуционерната гарда е дека таа ги поддрува бунтовниците во Ирак.Значи,ќе се работи за тоа,да се уништат луѓето кои ги убиваат нашите момчиња,тоа е позицијата на владата.Додека министерката за надворешни работи Кондолиза Рајс предупредува на внимателност,Чејни и другите трескавично се обидуваат што побрзо да дојде до воена акција против Иран,дознава Херш од извори во тајните служби.Чејни и Буш немаат никакви обзири кон Републиканците и претстојните претседателски избори,ситуацијата е иста како есента 2002 година,кратко пред инвазијата врз Ирак:

„ЦИА значително го зголемила персоналот.Постои оперативна група за Иран,иста таква имаше и за Ирак пред да почне војната“,пренесува Херш.

Иран врши подготовки за одбрана

Но и Иран се подготвува.Херш цитира висок европски дипломат кој соработува со америакнските тајни служби.Според него,Иранците ја подготвуваат противавионската одбрана.Тој смета дека Иранците ќе нападнат цели во Европа и Латинска Америка.Постојат прецизни информации за поддршката која притоа Иран ќе ја добие од Хезболах.

Белата куќа не ги коментира овие информации.