1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американците ја менуваат стратегијата за Авганистан

Специјалниот пратеник на САД, Ричард Холбрук, му порача на претседателот Хамид Карзаи дека тој и неговата влада ја имаат поддршката на САД. САД дури ќе ги вклучат во менувањето на стратегијата кон Авганистан.

default

Што смислија Холбрук и Карзаи за иднината на Авганистан?

Новиот пратеник на американската влада за Авганистан, Ричард Холбрук, во Кабул се појави пред новинарите со следната порака: „Сакаме да го слушнеме и да го запознаеме вашиот став. Донесов и лична порака од претседателот Обама, во која тој ја изразува поддршката за авганистанскиот народ и неговата демократски избрана влада.“

Холбрук во Авганистан прво имаше средби со високи претставници на странските сили во земјата, како и со врвот на авганистанската војска. Потоа тој се сретна и со раководителите на хуманитарните и други меѓународни организации во земјата. Дури на крајот дојде на разговори и со претседателот Хамид Карзаи, кому му соопшти дека новиот шеф на Белата куќа сака да ја вклучи авганистанската влада во проверката и промената на американската стратегија за регионот. Домаќинот возврати: „Многу сум благодарен што претседателот Обама го прифатил мојот предлог за наше вклучување во разговорите за пристапот кон борбата против тероризмот.“

Обама застана зад Карзаи

Од голема важност за Карзаи и неговата влада е исто така пораката дека ја ужива и понатаму поддршката на официјален Вашингтон, наспроти јавните критики што се слушнаа последните денови.

Clinton Asia Society

Шефицата на Стејт департментот, Хилари Клинтон

Шефицата на американската дипломатија, Хилари Клинтон, имено, изјави дека Авганистан е „земја на дрогата“. А и во метрополите на другите западни сојузници е разнишана довербата во способноста на Карзаи да излезе на крај со повеќегодишната криза во земјата.

Покрај вклучувањето во разговорите за промена на стратешкиот пристап на САД кон Авганистан, Холбрук најави дека авганистанската армија од сега уште поинтензивно ќе биде вклучена во планирањето и спроведувањето на нападите врз цели на Талибанците. Со тоа би требало да се постигне намалување на жртвите меѓу цивилнито население во Авганистан.