1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американците стануваат штедливи

Поради кризата, во САД се укинати 8 милиони работни места, милиони куќи отидоа на лицитација, а на пазарите на акции се уништени повеќе од 26 билиони долари заштеди. Ова ги наведе Американците да ги менуваат навиките.

default

Се купува поретко, но квалитетно

Американците, барем по прашањето на потрошувачката, се’ повеќе да се однесуваат како Европејците.

Како кризата влијаеше врз вас? Секој од запрашаните случајни минувачи во Менхетен во Њујорк има своја приказна:

„Сакав да имам телевизор со голем, тенок екран, но се откажав од тоа.“

„Поретко јадам во ресторан, а почесто си носам ручек од дома.“

„Пред да почнам да купувам повеќе размислувам што ми е потребно и дали навистина ми е потребно тоа“.

Пред кризата, малкумина Американци се занимаваа со вакви мисли, нагласува Брајан Њубери, маркетиншки стратег на една агенција од Охајо:

„Тие сега купуваат попретпазливо. Пред рецесијата луѓето купуваа се’ што ќе посакаа и кога ќе посакаа, зашто лесно добиваа кредит.“

USA Shopping in Manhattan

Шопинг-центар во Менхетен

Според студијата направена од агенцијата, Американците не само што сега поретко купуваат, туку некои и ги проценуваат работите.

„Го купувам само она што ми е потребно, квалитетно за пониска цена. Квантитетот веќе не е битен.“

Купување само кога е потребно

Поретко се купува спонтано, оценува Њубери. Американците сега повеќе сакаат потрајни производи. Скапите производи и луксузна стока веќе не се знак за благосостојба - однесување кое досега повеќе беше карактеристично за Европејците.

„Американските потрошувачи стануваат како европските, одбираат помали продукти со подобар еколошки биланс. Купуваат помалку, само кога им е потребно.“

Џенифер Џејмс од Друштвото за истражување на потрошувачката од Њујорк не се согласува до крај со тезите на Њубери:

„Европејците при купувањето се многу понапред, тие размислуваат за својата социјална одговорност, за еколошката подобност, размислуваат алтруистички. Тоа е добро за нив, но и за планетава. Американците, пак, и

Ein Dollar Schein

Се купува повеќе во готово, а помалку на кредит

натаму во преден план се ставаат себеси. Продуктите прво треба да се добри за нив, а ако покрај тоа се добри и за планетава - дотолку подобро.“

Штедат дури и оние што не треба

Американците, значи, се однесуваат домаќински како речиси никогаш досега. Тоа звучи разумно, но го кочи стопанскиот подем во нивната земја и во светот, оти две третини од тамошниот стопански пораст зависат од домашната потрошувачка, но и Европа и Азија исто така зависат од извозот во САД.

„Стапката на штедење, мислам, е највисока за последните децении. Американците сега поретко купуваат на кредит, а многу повеќе плаќаат во готово.“

Џенифер Џејмс смета дека ова се должи и на изменетите услови за кредитирање - ратите се високи, а кредитна картичка веќе не може да добие секој.

„Овој менталитет е заразен. Дури и Американците чија финансиска состојба не е променета, кои не останале без работа, сепак ја ограничуваат потрошувачката, оти им се чини како да мораат да постапуваат така.“

Ваквото однесување ќе остане долгорочно, смета Брајан Њубери:

„Младата генерација фрла поглед врз родителите и е шокирана колку многу тие страдаа и колку беа неподготвени за ова. Младите не сакаат да бидат такви.“

Искуствата од економската криза оставија траги.

Автор: Мирјам Браун / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска