1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Американците се‘ повеќе купуваат возила

Во Детроит е во тек традиционалниот Саем на автомобили. Според зборовите на претставниците на германските производители, американскиот пазар одново станува привлечен бидејќи Американците се‘ повеќе купуваат возила.

Дајмлер, БМВ, Фолксваген - сите остварија добар промет во 2012 година. Така би требало да биде и во оваа година.

„Оптимисти сме во однос на Мерцедес. Имаме една цела лепеза нови производи, и тука во Америка ќе наидеме на многу динамичен пазар. Оттука сигналите укажуваат на натамошен раст“, вели Дитер Цече, претседател на Управниот одбор на Дајмлер Мерцедес.

Дајмлер на саемот, пред се‘, ја претставува својата нова Е-класа, која на пазарот во Европа ќе се појави напролет, а во Америка наесен. Произведувачот од Штутгарт сака да оствари добри резултати и во Кина, каде заостанува зад конкурентите од Ауди и БМВ.

Амбициозни цели, како и порано има и концернот Фолксваген. Таму планираат до 2018. година да бидат најголем производител на автомобили. Но, продажбата во Европа паѓа.

Auto Show in Detroit 2013 Volkswagen

Новиот СУВ на Фолксваген

Мартин Винтеркорн, директор на концернот Фолксваген, објаснува:

„Фала му на бога ние во Фолксваген сме глобално ориентирани и добро сме застапени на пазарите во Кина, Индија, САД, Јужна Америка, па и Русија, така што загубите кои во моментот ги имаме во Европа можеме да ги санираме“.

Кризата на американскиот пазар на автомобили е заборавена. Американците одново купуваат повеќе возила. Експертите сметаат дека во 2013. година бројот на новорегистрирани возила ќе се зголеми за над 6 проценти.

Иднината на автомобилската индустрија добива нов сјај.