1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Американците сакаат да го прескокнат Божиќ

Божиќните празници не се омилениот период од годината за сите луѓе, особено не за оние што не можат да си ги дозволат празничните трошоци. Економската криза се одразува на старите навики за купување подароци за празникот

Околу 45 проценти од Американците би сакале се’ што е поврзано со Божиќ овој декември едноставно да го прескокнат, покажуваат податоците од анкета на „Тинк фајнанс“. Финансиските проблеми се причина радоста на дарувањето за многумина се’ повеќе да прерасне во исклучително стресна работа.

Речиси половина од 1.000 анкетирани Американци со различна висина на месечните приходи изјавиле дека немаат доволно заштедени средства за претстојните празници.

Околу 54 проценти од испитаниците планираат на подароци да потрошат 500 долари, додека 27 проценти од нив ќе дадат меѓу 500 и 1.000 долари, наведува НБЦ-Њуз.

Скапите подароци за многумина не доаѓаат предвид, бидејќи живеат од плата до плата. Во случај да не добијат плата на време, 41 процент од анкетираните изјавиле дека можат да преживеат само уште две недели. Околу 25 проценти би можеле да издржат до еден месец.

Над половина од испитаниците очекуваат во новата година да влезат во долгови, а меѓу нив се и 54 проценти од луѓето кои заработуваат над 100.000 долари годишно.