1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американците расфрлале милијарди во Ирак и во Авганистан

Во Ирак и Авганистан САД залудно потрошиле околу 60 милијарди долари, пред се‘ поради слабата контрола на компаниите со кои имале договори, лошото планирање и поткуп на тамошните господари на војната.

default

Во Ирак САД трошеле и колку што треба и колку што не треба

„Најмалку секој шести долар, кој САД во последниве 10 години го дале на име договори и помош во Ирак и во Авганистан, е фрлен залудно“, констатира Комисијата за воени договори.

Во конечниот извештај за Конгресот, Комисијата за воени договори оценила дека со подобро планирање и контрола би можело да се избегне трошење на голем дел од тие пари. За да се избегнат грешките од Ирак и Авганистан, владините агенции би требало да го реорганизираат начинот на плаќање и да ги реализираат договорите во воените зони, се препорачува во извештајот напишан на 240 страници.

Irak / USA / US-Soldat

„Прочешлување“ на трошоците

Комисијата од осум членови е основана во 2008 година, по урнекот на Трумановата комисија, која ги контролирала договорите од Втората светска војна. Нејзиниот извештај преставува најкомплетно истражување на американската зависност од договорите со приватните компании, како и владините способности да справи со тоа во воените зони. Комисијата ги проверувала договорите за армијата, за обнова и изградба, како и за работите во делот на обезбедувањето. Вкупниот износ не може со точност да се процени, бидејќи нема општо прифатлива методологија, но во извештајот се заклучува, врз основа на информациите собрани во последните три години, дека таа сума изнесува најмалку 31 милијарда долари, а дека вкупниот износ би можел да изнесува и 60 милијарди долари, но од Комисијата не ја исклучуваат можноста сумата да биде и поголема.

Како што се наведува во извештајот, средствата кои се изгубени од лошото работење претставуваат 10 до 20 проценти од таа сума, а во измами исчезнале меѓу пет и девет отсто. Комисијата очекува дека вкупниот износ на договорите со приватните компании, како дел од поддршката на американските операции во Ирак и Авганистан, до крајот на оваа буџетска година ќе мине 206 милијарди долари.

Obama Soldaten Abzug aus Afghanistan

Американски војници во Авганистан

Предлози за подобрување

Непартиската Комисија на Конгресот му предлага и конкретни чекори. Приоритет меѓу нив е правовремено склучување прецизни договори со клаузули за одговорност и рокови, контролирање на нивното спроведување, стопирање или промена на проектите кои ќе се покажат како неуспешни. Не смее да се повтори, она што веројатно ќе се случи со оние 11,4 милијарди американски долари од даночните обврзници, вложени за изградба на објекти за сместување и спорт за авганистанските војници и полицајци.

При испрашувањето, на вчудоневидените членови на Комисијата еден службеник на Пентагон им објаснил:

„Кога ние ќе си заминеме, не верувам дека Авганистанците уште долго ќе ги користат овие објекти“.

Законот со кој е формирана Комисијата предвидува таа својата работа да ја заврши до крајот на септември, без оглед на тоа што операциите во Ирак и Авганистан ќе продолжат и понатаму.

Автор: ЖА/ЕМФ/макфакс/дв

Редактор: Трајче Тосев