1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американците повторно ќе градат атомски реактори

Американската влада првпат по повеќе од 30 години дозволи изградба на нови атомски реактори.

default

Нуклеарна централа во Џорџија, САД

Регулаторното тело на САД за нуклеарна енергија вчера првпат по 30 години одобри проект за изградба на нова атомска централа.

Со четири гласови „за“ и еден „против“ Нуклеарната регулатарна комисија на корпорацијата „Саутерн Компани“ и’ ги одобри сите лиценци да ја прошири атомската централа во сојузната држава Џорџија.

Изградбата на двата нуклеарни реактори е предвидено да трае во 2016 и 2017 година, а ќе чини околу 14 милијарди доалри.

Ова е прва дозвола по атомската катастрофа во нуклеарката „Три Мајл Ајланд“ кај Харисбург во 1979-та година. Последната дозвола за изградба на нуклеарна централа на територијата на САД била издадена во 1978-ма година, тогаш била изградена централа во Пенсилванија.

Американскиот претседател Барак Обама и по нуклеарната катастрофа во Фукушима во Јапонија е поборник на атомската енергија, со која планира меѓу другото да ја спречи зависноста од увозот на нафта.

Автор: Жана Ацеска/АМ/дв/миа

Редактор: Б. Георгиевски