1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Американците опстојуваат врз ракетен штит во Европа

*

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс потврди дека САД не отстапуваат од планот да изградат антиракетен штит во Полска и Чешка. Во седиштето на НАТО во Брисел тој рече дека рускиот против предлог да се користи поранешна руска радарска станица во Азербејџан би можел да биде само надополнување. Овој став Гејтс денеска му ги повтори и на рускиот колега по функција Анатоли Сердјуков, со кого се состана во Брисел.