1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Американците и натаму се залагаат за рактен штит во Европа

*

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс потврди дека САД ќе се придржуваат до планот да изградат ракетен штит во Полска и Чешка. Во седиштето на НАТО во Брисел тој рече дека рускиот против предлог да се користи поранешна руска радарска станица во Азербејџан би можел да биде само надополнување. Гејтс денеска треба да се сретне со неговиот руски колега по функција Анатоли Сердјуков. Претседателот Владимир Путин на средбата на Г8 во Хајлигендам на изненадување призна дека постоела закана од ракети како на пример од Иран и понуди користење на радарската станица. Русија истовремено и изрази готовоност за соработка со САД.