1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Американците им завидуваат на Германците

Бројот на невработени во Германија не бил толку мал уште од 1992 година, германскиот извоз расте, како никогаш да не се случила светската економска криза. Економскиот пораст во САД е многу помал отколку во Германија.

default

Американската влада се интересира за германскиот економски модел

Не е тајна дека најголемиот адут на германската економија е извозот, вели д-р Томас Цилке, претставник на германското стопанство во Вашингтон:

„Големата флексибилност на претпријатијата, која за среќа е присутна во Германија, вообичаената потреба за извоз во странство.“

Најголем извоз во земјите од ЕУ

Dr. Robert J.Shapiro

Роберт Шапиро, економски советник на владата на САД

Извозот во САД изнесува само 13 отсто од бруто домашниот производ, додека неговиот удел во Германија е трипати поголем. Најголемиот дел од германските производи се извезуваат во другите земји од Европската унија. Сепак, во моментов најголема стапка на пораст бележи извозот од Германија во останатите земји во светот.

Ако во услови на рецесија дојде до колапс на германскиот пазар, а владата не може или не сака да ја придвижи конјунктурата, тогаш инвестициите и извозот се единствен начин да се подобри економијата, вели Роберт Шапиро, еден од економските советници на владата на САД:

„Тоа секогаш беше најголемиот адут на Германија. Во постоечките услови тоа беше перфектно спроведено.“

Успешен модел за надминување на кризата

Aussenhandel Export Deutschland

Германија го спречи драматичното опаѓање на извозот и продажбата

Шапиро и други американски експерти за економија сметаат дека една од причините за брзото надминување на економската криза во Германија се преземените мерки, како што е на пример надомест за скратено работно време на вработените. Државата презема дел од издатоците во време на економска криза, и на тој начин го спречува отпуштањето на работниците. Јакоб Киркегард од Институтот Петерсон за меѓународни економски науки е воодушевен:

„Германскиот модел докажа дека е возможно да се надмине драматичното опаѓање на извозот и продажбата, без масовни отпуштања. Тоа беше вистинското решение, ако се земе во предвид дека во економијата секогаш има циклуси. Тоа е сосема поинаква флексибилност отколку на пазарот на труд во САД. Инстинктивната реакција е дека кога опаѓа продажбата, доаѓа до отпуштања.“

Големи ризици за германската економија

Symbolbild China Flagge Euro Wirtschaft

Расте извозот на германски производи во Кина

Шапиро смета дека не е едноставно овој систем да се примени на американскиот пазар. Има големи културни разлики, а Американците секогаш одбиваат интервенција на државата. Освен тоа Шапиро е скептичен во поглед на иднината:

„Сметам дека постојат големи ризици за германската економија. Како Американец, не би сакал да ја менувам американската за германската економија.“

Тој е загрижен поради можноста за државен банкрот во други европски земји, состојбата во Грција, која не бележи значително подобрување и протестите во Франција против реформата на пензискиот систем. Извозот од Германија во Кина, кој рапидно расте, е исто така проблем, смета Јакоб Киркегард:

„Германија е воздржана, оти не сака да го загрози својот извоз. Од друга страна, пак, САД заземаат поискрен став, во поглед на непочитувањето на човековите права во Кина. Тоа има влијание врз шансите за извоз на САД.“

Сепак, и владата на Обама смета дека е неопходно поголема поддршка за извозот, и се интересира за германскиот стопански модел. Американскиот претседател изјави дека во наредните пет години американскиот извоз треба да биде двојно поголем.

Автор: Кристина Бергман / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска