1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американците заштедија 25 милиони долари!

Коментар на Петер Филип

Ирак негово лично поле за борба против САД

Ирак негово лично поле за борба против САД

Абу Мусаб ал Саркави беше најбараниот терорист во Ирак. На неговото конто се запишани многу крвави напади, а негова цел беше максимално да го торпедира развојот на редот во земјата. Неговото загинување е важна етапа на ирачкиот пат кон стабилна држава.

Потекнуваше од сиромашна средина во јорданското пустинско место Зарка и никој таму не сметаше дека е можно од некогаш малиот криминалец да стане најбараниот терорист. Неговото фаќање или убивање за Американците стана подеднкаво вредно колку она на Осама Бин Ладен: Вашингтон распиша награда од 25 милиони долари за главата на човекот што важеше за лидер на најопасните терористички групи во Ирак. Наградата нема никој да ја добие: Заркави очигледно загина во воздушен напад на Американците недалеку од Багдад.

Рано се запозна со јорданските затвори, за потоа да се сврти кон исламизмот што го одведе во Авганистан и во близина на Осама Бин Ладен. По враќањето во Јордан се обиде да организира напади врз Американци и Израелци, за повторно да се појави во Авганистан, а потоа во Ирак. По влегувањето на Американците во Ирак, не траеше долго кога Заркави оваа земја ја прогласи за лично воено поле против САД и започна со грабнувања и брутални убиства пред вклучена камера.

Неговите приврзеници се нарекуваат „Организација за слога на верниците и на светата војна„. Негова цел беше да му конкурира на Бин Ладен, иако му се потчини со тоа што своето движење го нарече „Ал Каеда во Ирак„. Идеологот на Бин Ладен, Ајман Ал Завахири јавно го критикуваше Заркави дека неговите постапки му штетат на движењето. Поради тоа Јорданецот ги редуцираше нападите, но атаците врз џамии и верници на страната на Сунитите и Шиитите делумно одат на негова сметка.

Главна цела на таквиот тероризам беше да се спречи секоја можна нормализација во Ирак. Ако овојпат се потврди неговата смрт, тоа би можело да има широки последици врз ситуацијата во Ирак, но и успех во напорите на новата влада под Нури Малики. Се уште има предупредувања дека Заркави во никој случај не е фигурата од која се зависи, но тоа допрва ќе треба да се види. Досега не е познато колку строго ја водел организацијата, но групите што војуваа од негово име во секој случај претрпеа силен удар. Треба да се сомнева дека ова кртакорочно и среднорочно ќе биде доволно да му донесе на Ирак ред и мир. Меѓутоа, долгорочно земјата сега сигурно мина една важна етапа.

Петер Филип