1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Американците живеат на кредит

Забрзано паѓа курсот на берзите во светот. Само во САД, од почетокот на финансиската криза во јули се уништени повеќе од две илјади милијарди долари во берзански активности. Стотици илјади Американци се презадолжени.

default

Милиони Американци во последно време се повеќе стравуваат да не добијат ваков повик:

“Кај нас сте купиле стока во вредност од 312 долари. Ако не платите до 26 мора да ја сторнираме испораката".

Американците живеат на кредит. Според последните податоци, само на кредитните картички се задолжени повеќе од 800 милијарди долари. Тоа е за три пати повеќе во споредба со ситуацијата од пред дваесет години. Автомобили, мебел, крстарења, но и секојдневни намирници, посета на лекар, медикаменти – се се плаќа со “пластика”. Нема плаќање во готовина туку се оди на кредитна картичка. Проценките се дека во просек секое семејство во Америка е задолжено околу десет илјади долари. Во пресметката не се ставени сега зголемените каматни трошоци за сопствените четири ѕида.

Времето на лесно давање кредити, изгледа дека заврши, вели Крис Маер, од Колумбија Бизнис училиштето. Без сопствен капитал или потврда за приходи, банките веќе нема да даваат кредити за недвижнини. Се стравува дека инвеститорите во иднина се ќе стават на кантар кога станува збор за недвижнините. Но, Маер не смета дека ќе се случи апсолутно голем удар, односно на масовен банкрот на приватните буџети.

Експертите сепак сметаат дека и покрај тоа за домаќинствата доаѓаат тешки времиња. Во кризата на пазарот на недвижнини тие го гледаат само врвот на сантата мраз и сметаат дека Америка се наоѓа пред општа мизерија на долгови и кредити. Фактот дека многумина тешко или воопшто нема да може да ги платат долговите ги доведува домаќинствата во екстремно тешка ситуација. Се на се луѓето ќе ја загубат желбата за потрошувачка, смета Кристијан Велер од Центарот за американски напредок. Луѓето веќе нема да можат долгорочно да инвестираат во иднината. По фазата на великодушно давање на кредити, како во изминативе години, често доаѓа до контрареакција. Тогаш пазарот се стеснува.

Наместо многу има малку пари, што брутално ќе ја закочи потрошувачката култура на кредит за Американците. Потрошувачката ќе се намали, што ќе предизвика и американската економија помалку да расте. Експертите сметаат на подолгорочна стангнација по еден процент пред пазарот повторно да заздрави. За професорот по економија, Ален Мелцер ова е сосема природен тек на работите.

“Таков е животот. Капитализам без неуспеси, е исто како религија без душа. Едноставно не функционира”.