1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Американски Сенат – Македонија НАТО

Американскиот Сенат го одобри нацрт законот со кој се поддржува приемот на Македонија, Хрватска, Албанија, Грузија и Украина во НАТО. Долниот дом, Конгресот веќе претходно го одобри законот, така што за да стапи на сила потребно е само уште да го парафира претседателот Џорџ Буш. Сенаторот од редовите на републиканската партија Ричард Лугар изјави дека приемот на новите пет членки ќе биде успех за Европа, за НАТО и за САД, зашто ќе се прошири територијата на мир и безбедност. Лугар, кој е член на Комисијата за надворешна политика, особено ги пофали трите земји од Јадранската повелба за добри резултати на полето на реформите.