1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американски сенатор бара прием на Македонија во НАТО

Американскиот сенатор Дик Лугар предлага закон со кој се бара од претседателот Барак Обама пред Самитот на НАТО во Чикаго да подготви јасен план за прием на Македонија во Алијансата.

Покрај за Македонија американскиот претседател Барак Обама пред Самитот на НАТО во Чикаго треба да подготви јасен план за прием и на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија во Северноатлантската алијанса.

Републиканскиот сенатор Лугар, како што е објавено на неговата веб-страница, го предлага законот за да го охрабри натамошното проширување на НАТО и за зацврстување на стратегиското партнерство меѓу САД и сојузниците во Алијансата.

„Проширувањето на НАТО е клучен елемент за зацврстување на стабилноста и политичките реформи меѓу новите демократии од Централна и Источна Европа и од Балканот. Нивното зачленување во НАТО нема само да ја подобри регионалната безбедност, туку ќе помогне тие да се трансформираат во блиски, економски и безбедносни партнери на САД“, вели сенаторот Лугар.

Тој бара Сенатот да го поддржи неговиот предлог и даги потврди американските заложби за натамошно проширување на НАТОсо Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска