1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Американски Самит

*

Во канадското место Монтебело се одржува таканаречениот американски самит на кој учествуваат претседателите на САД и на Мексико , Џорџ Буш и Фелипе Калдерон, како и кандскиот премиер Стивен Харпер. Покрај трговските и безбедносните прашања , централна тема на дводневниот Самит, се и руските претензии кон Арктикот. Такви претензии имаат и Канада, но и САД, кои сметаат дека полагаат право на делови од Арктикот. Една американска студија пред кратко време дојде до заклучок дека на Северниот пол лежат 25 проценти од неоткриените резерви на нафта и земјен гас .