1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Американски научници добитници на Нобеловата награда за економија

Како последна Нобелова награда за годинава, во Стокхолм денеска беа објавени и имињата на носителите на наградата за економија. Таа оди во рацете на двајца американски научници.

Алвин Е. Рот и Лојд С. Шапли развија пионерски сознанија за тоа „различни економски актери да се приближат едни до други“, се вели во образложението. Нивните сознанија може практично да се применат на пример, за студентите да се најдат соодветните училишта, а донираните човечки органи со пациентите на кои им одговараат за трансплантација.

Двајцата научници работат независно еден од друг. 60 годишниот Рот предава на бизнис школата на универзитетот Харвард, додека 89 годшниот Шапли е професор во пензија на универзитетот во Калифорнија. Рот во првата реакција изјави дека е „изненаден и среќен“.

Нобеловата награда за економија е воспоставена во 1969 година и не беше дел од првобитната група награди, споменати во тестаментот на пронаоѓачот на динамитот, Алфред Нобел, од 1895 година.

Нобеловите награди традиционално секоја година се врачуваат на 10. декември.