1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Американски напади врз Фалуџа

Американската армија повторно изврши воздушни напади врз цели во ирачкиот град Фалуџа,во кои биле убиени најмалку осум лица. Киднапираниот американски војник Васиф Али Хасун наскоро ќе биде ослободен,јавува ТВ Ел Џазира,пренесувајќи го демантот за убиството на 24 годишниот заложник.

default

Американската војска во Фалуџа нападна станбена зграда за која претпоставувала дека е скривалиште на следбениците на терористичкиот водач Абу Мусаб ел Заркави,потврди премиерот на Ирак Ијад Алави во Багдад.

На овој Јорданец,кој е близок на терористичката Ал Каеда ,му се припишува организација на бројни самоубиствени напади,киднапирања и убиства.Американскиот воздушен напад врз Фалуџа е петти во овој град од средината на јуни.

Во меѓувреме ирачка екстремистичка група соопшти дека грабнатиот американски војник Васеф Али Хасун,кој има либиско потекло,е одведен на сигурно место,а не е егзекутиран,како што претходно беше објавено. Оваа вест ја потврди и американскиот бригаден генерал,портпарол на нивните сили во Ирак,Марк Кимит :

-Групата која најпрво тврдеше дека му ја отсекла главата на војникот,сега трврди дека не го направила тоа.На тоа гледаме оптимистички,тоа се добри вести и за семејството.Ќе настојуваме и натаму да ја убедиме групата да го врати војникот.

Инаку се работи за терористичката група под име Движење на исламскиот одговор.

Стабилизацијата на земјата во областа на безбедноста е главната сегашна грижа на ирачките власти.

Ирачкиот премиер Ијад Алави синоќа упати повик до соседните Сирија и Иран за поддршка на мултинационалните трупи.Мислам дека тие ќе ја ревидираат својата позиција во интерес на Ирак,изјави Алави за ТВ Ел Арабија.

Сирискиот претседател Башар Асад пак ги пофали ирачките бунтовници за нивниот бунт против коалиционите трупи.Востаниците ги принудуваат окупаторските сили да обезбедат минимум права на Ирачаните,изјави Асад според извештај на иранската агенција Ирна при неговата посета на Техеран.

Сирискиот претседател имал средба со иранскиот претседател Мохамед Хатами и ајатолахот Али Камнеи.Ситуацијата во Ирак била главна тема на разговорите.

САД им префрлуваат на Сирија и на Иран за недоволно обезбедување на границите кон Ирак.