1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американски маринци извршиле масакр во Ирак?

Во армијата а во тек, а и Конгресот најавува истражна постапка. Убиени до 24 ирачки цивили како одмазда за еден загинат војник? Обид за заташкување

Американска патрола во Ирак

Американска патрола во Ирак

Во американската армија во тек е кривична истрага која треба да утврди дали припадници на морнаричката пешадија на крајот на ноември минатата година во Хадита убиле до 24 ирачки цивили како одмазда за напад врз нив. Командантот на заедничкиот штаб на американските сили генерал Питер Рајс, и самиот припадник на морнарицата, не сака да се изјаснува за случајот пред завршувањето на истрагата, а американскиот Конгрес сака да спроведе сопствена истрага за наводниот масакр.

Во Конгресот ќе има сослушувања за случувањата во Хадита, најави претседателот на сенатскиот одбор за армиски прашања Џон Ворнер. „Многу е сериозно. Војската ја испитува работата со соодветна сериозност. Се поставува прашањето: што се случило, кога и како реагирале високи по ранг офицери непосредно откако дознале за ова?“

Генерал Питер Рјс, челник на здружениот штаб на американските оружени сили, вели дека истрагата би можела да трае уште неколку недели. Министерството за одбрана, според него, за обвинувањата било информирано дури на 10-ти февруари. „Досега не знаеме зошто не бевме порано информирани. Затоа се водат две истраги: едната треба да покаже што се случувало, а другата зошто ние тоа не го дознавме порано“ – вели генералот.

Списанието „Тајм“ уште во јануари им поднесе на водечките американски офицери во Ирак изјави и видео-материјал. За истрагата пратениците во Конгресот беа информирани на крајот на минатата недела. Демократот Џим Марта вака си го претставува текот на настаните: „Експлозивна направа убива еден американски војник. Потоа приоѓа такси со четворица или петмина невооружени, кои се убиени од страна на маринците. Војниците потоа беснеат во соседните куќи и убиваат луѓе. Иследниците ми рекоа дека во еден случај некоја жена го ставиле под себе детето за заштита и молела за милост, но била ладнокрвно убиена“.

На тој ден во Хадита загинале 24 лица. Маринците прво тврделе дека луѓето биле жртви на експлозијата што го убила и нивниот другар, но потоа ја смениле верзијата – од соседните куќи било пукано врз нив. И таа верзија се чини неодржлива. Потоа уследил обид наводниот масакр да се заташка, вели Марта: „Маринците цело време знаеја за работата и некој во командната хиерархиска структура мора да решил во тоа понатаму да не се чепка. Не знам до каде во командната хиерархијата стигнала работата. Најлошото е дека ирачкото население знаело за ова. Потоа семејствата добиле обесштетување од американската војска, а за такво нешто се решава на највисоко ниво“.

За секој убиен цивил војската наводно платила по 2 ипол илјади долари. Кој решил за тоа, кој е одговорен што настаните во Хадита не биле многу порано и многу порешително истражени – тоа веројатно ќе можат да го разјаснат дури пратениците во Конгресот.