1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американски дипломат: Плановите за напад на Иран се подготвени

САД, според нивниот амбасадор во Израел, се во секое време подготвени за напад врз Иран. Техереан повторува дека нема да потклекне на притисоци.

default

Ден Шапиро (л.)

Американскиот амбасадор Ден Шапиро тврди дека планови за напад врз Иран, во случај тоа да биде потребно, се веќе подготвени. За израелското армиско радио Шапиро денеска (17.05.), на само неколку дена пред новите разговори со Иран околу неговата атомска програма, изјави: „Дипломатското решение има многу поголема предност од воен ангажман. Но, тоа не значи дека оваа опција не е на маса“.

Иранската влада не сака да дозволи да биде ставена под притисок од страна на Западот на новите разговори за атомската програма. Иранскиот преговарач Саид Џалили денеска за државната телевизија изјави дека неговата земја нема да се подвитка под ниту една стратегија која е заснована врз притисок. Западот не би требало да ја повтори својата „погрешна проценка“ за Иран, предупреди тој и уште еднаш укажа дека неговата земја има право на цивилно користење на атомската енергија.

Наредната рунда разговори за иранската нукеларна програма би требала да се одржи на 23. мај во Багдад. Западот се сомнева дека Иран тајно работи на создавање нуклеарно оружје, што од страна на Техеран постојано е демантирано.