1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американски воен напад во Сомалија

Во напад на американски воени авиони убиен е еден шеф на исламистичка милиција. Ова го потврдија, како претставник на милицијата, така и американската армија. Се тврди дека тој и припаѓал на мрежата на Ал Каеда.

default

Ни трага од мир во Сомалија - војник патролира по улиците на главниот град Могадишу

Според тврдењата на очевидци, нападот се случил околу три часот по локално време. Според информациите на сомалиското радио, тешко вооружени американски воени авиони од типот „Локид АЦ-130„ истрелале повеќе ракети врз градот Душамареб, 300 километри северно од Могадишу, на границата со Етиопија. Најмалку три ракети ја погодиле куќата на исламистичкиот водач Аден Хаши Ајро. Нападот на американските авиони врз целта во Сомалија, во меѓувреме го потврди и американската армија. Од друга страна, неофицијален извор на американската армија во Вашингтон вели дека нападот бил изведен со четири ракети од типот Маршал истрелани до американски воен брод.

За бројот на жртвите засега нема точни информации. Се движи меѓу 11 и неколку дузини. Меѓу жртвите се наоѓа и Аден Хаши Ајро, шеф на сомалиската Ал Каеда. Тој беше шеф на исламистичката милиција Ал Шабаб и повеќе од една година војуваше против сомалиската преодна влада и нејзините етиопски сојузници. Претставник на милицијата Шабаб го потврди загинувањето на шефот на бунтовниците кој во 90-десттите години воено беше обучуван од Талибанците во Авганистан. Ал Шабаб е воено крило на „Унијата на исламските судови„ која по шестмесечно владеење врз поголем дел од Сомалија, во почетокот на минатат година беше соборена од сегашната преодна влада. Оттогаш исламистите водат герилска војна против владата и трупите од соседна Етиопија. Во најновите борби, главно во главниот град Могадишу, во последните недели загинаа повеќе од 100 луѓе.