1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американски борбен авион падна врз станбен комплекс

Американски борбен авион, кратко по полетувањето, се урна вчера врз станбен комплекс во Вирџинија. Пилотите на авионот ловец Ф18 успеале да се катапултираат пред ударот.

Двајцата пилоти се полесно повредени, а повредени се и седум други, кои се нашле во близина на местото на несреќата. Во хаосот што настанал двајца мажи им помогнале на раскрварените пилоти и ги пренеле на безбедно. Сите повредени, освен еден од пилотите се пуштени од болница. Повеќе станари изјавија дека слушнале гласна експлозија.

„О, Боже мој, слушнав три навистина силни експлозии, по што црн чад почна да се издига кон небото“, рече 71 годишната Фелиса Езел, која живее во куќа во близина на местото на несреќата.

До доцна во ноќта спасувачките екипи ги пребаруваа остатоците од комплексот, во кој околу 40 апартмани се оштетени или уништени. За сега не се информира за настрадани лица, но постојат стравувања оти е можно да има жртви во несреќата. Шефот на противпожарната служба во Вирџинија Бич Тим Рејли изјави дека во несреќата сериозно се оштетени вкупно пет згради и додаде дека три жители во комплексот се недостапни.

USA Virginia Beach Kampfjet stürzt in Wohngebiet

Во комплексот живееле претежно стари лица. Нема информации за жртви.

„Не знам дали ги имаме вистинските броеви, дали луѓето отпатувале некаде и не знаеме дали тие престојуваат кај други луѓе“, рече Рејли. Сепак, до сега никој официјално не е прогласен за исчезнат.

Сведоците велат дека не забележале некој да бега од местото на урнатините.

„Зградите почнаа да се рушат. Не видов никој да бега и ми беше кажано дека има мноштво постари граѓани кои живеат во овие згради, што ме загрижува“, изјави сведокот Зак Запатеро.

За сега не е позната причината за несреќата, но се знае дека горивото било исфрлено пред ударот. Дали се работи за дефект или намерен маневар на војниците – ќе покаже истрагата.