1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американски беспилотни летала над Либија

САД имаат намера со беспилотни летала да ги сопрат силите на Моамер ел Гадафи да го напаѓаат сопствениот народ. ОН, пак, бараат итен прекин на борбите во Либија.

Американските беспилотни леталата „предатор“ собираат информации

Американските беспилотни леталата „предатор“ собираат информации

Американскиот претседател Барак Обама даде дозвола за употреба на вооружени беспилотни летала во Либија. Со тоа, практично, Американците повторно, иако во ограничен обем, учествуваат во борбата со копнените единици, откако на почетокот на месецов соопштија дека се ограничуваат само на поддржувачка улога и на НАТО му ја предадоа командата со воената операција во Либија. Според американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс, беспилотните летала досега се во употреба за добивање информации.

Заменикот шеф на американскиот генералштаб, Џејмс Картрајт, оцени дека леталата „предатор“ ќе помогнат за поефективни чекори против силите на либискиот властодржец, кои се‘ повеќе користат цивилни возила и ги маскираат своите позиции, што го отежнува определувањето цели на воздушни напади. Беспилотните летала се спуштаат пониско до целта и можат да помогнат за

Роберт Гејтс, министер за одбрана на САД

Роберт Гејтс, министер за одбрана на САД

целите подобро да се идентификуваат, изјави Картрајт. Либиските бунтовници ја поздравија одлуката на САД за употреба на беспилотни летала. „Нема сомневање дека тие ќе помогнат за подобра заштита на цивилите“, изјави портпарол на бунтовниците за телевизијата Ал Џазира.

Половина милион луѓе избегале од Либија

Инаку, во меѓувреме, НАТО продолжува со воздушните напади во Либија. Дописник на Си-Ен-Ен јави дека имало тешки експлозиии во Триполи. Досега не е познато ништо за тоа кои биле можните цели на нападите. Продолжуваат и борбите во Мисурата. Ал Џазира јави дека трупите на Гадафи тешко го грантирале третиот по големина град во Либија. Вчера либиските бутновници го зазедоа граничниот премин Васин на либиско-туниската граница. 13-те војници на режимот на Гадафи, меѓу кои и двајца генерали, избегале во Тунис.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун уште еднаш побара итен прекин на огнот во Либија. „Од либиските власти барам веднаш да запрат со борби и да стават крај на убивањето“, изјави Бан вчера, за време на посетата на Москва. Според генералниот секретар на светската организација, приоритет за ОН е обезбедување ефективен прекин на огнот за да може да се прошири хуманитарната помош. Само на тој начин може да се сопре бранот бегалци, изјави Бан, според кого од Либија веќе избегале повеќе од половина милион луѓе.

Автор: ЕМФ/АТ/дпа/ртр/дапд

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM