1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американските трупи под ирачка управа

Спогодбата меѓу САД и Ирак за стационирањето на американските војници во Ирак стапи во сила: американските трупи сега се под ирачка управа. Ирачката влада ја презеде контролата и врз таканаречената „зелена зона“.

default

Ирачкиот министер за одбрана Абдул Кадир при преземањето на власта врз „зелената зона“

„Зелената зона“ во која се наоѓа и некогашната палата на Садам Хусеин во центарот на Багдад - за жителите на Ирак таа досега претставуваше асоцијација за американската окупација. Сепак, од првиот ден од новата година, Американците ќе мораат дури и да плаќаат кирија за престојот во оваа зона. Ирачките власти ќе одлучуваат кој ќе смее да ги помине контролните пунктови. Американците уште во средата, на Нова година, се иселија од палатата на Садам Хусеин и се сместија во новоизградената амбасада. Па така, ирачкиот премиер, Нури ал-Малики, во четвртокот можеше да се прошета по широките ходници на палатата. Отсега овој ден ќе се слави како празник, изјави тој: „Ова е нашиот ден на независноста и го означува почетокот на процесот со кој Ирак повторно ќе ја преземе контролата врз секој сантиметар од својата територија“, изјави Ал-Малики, додавајќи дека до пред една година можеше само да се сонува странските трупи да ја напуштат земјата. Сепак, сега тој сон се остварува.

Американците ќе бараат дозвола од Ирак

Truppenverlegung US-Soldat liest den Idiotenführer Wie man den Irak überlebt vor Verlegung in den Irak

Повеќе време за слободни активности: американси војник чита копија од книгата „Како да се преживее во Ирак“

Договорено е американските трупи да си заминат од Ирак во рок од три години. Во наредниве шест месеци војниците треба да се повлечат од градските средини. Во иднина, американската армија ќе мора да добие дозвола од ирачката влада пред да изврши каква било операција. Исто така, Американците се обврзани да добијат дозволат од ирачката власти доколку сакаат да извршат претрес во некоја куќа или да уапсат осомничен. Покрај тоа, американските државјани повеќе не уживаат целосен имунитет од кривично гонење од страна на ирачките судски органи. Надвор од војничката должност, и војниците подлежат на ирачките закони, меѓутоа само доколку се товарат за „тешки прекршоци“. Но, во вакви случаи не е предвидено Американците да бидат директно предадени на ирачките служби.

Состојбата во Басра се подобрува

Irak Basra irakische Soldaten übernehmen Stützpunkt der Briten

Контролата е преземена и во Басра, каде командуваа Британците

Во југот на земјата, британските сили во четвртокот им ја предадоа на Ирачаните контролата врз аеродромот „Басра“. Според британските офицери, ова е доволен знак дека безбедносната положба е добра и се` повеќе се подобрува. Гувернерот на областа Басра го опиша настанот како „голем и значаен ден“. Кратко пред Нова година, владата во Багдад склучи спогодби за стационирање на трупите и со Велика Британија и со Австралија. Двете држави треба да ги повлечат воените трупи до крајот на јули. Тогаш американските војници ќе останат единствените странски воени сили во земјата.

Ирачките власти планираат да ја отворат „зелената зона“ во Багдад и повторно да ги пуштат улиците, за сообраќајот подобро да се одвива во овој дел од градот. Сепак, кога ќе го дозволи тоа „црвената зона“ од градот - останува да видиме.