1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Американските спринтерки го урнаа светскиот рекорд

Женската штафета на САД, го постави вториот светски рекорд на натпреварите во атлетика, на Олимписките игри во Лондон. Синоќа (10.09.) беа постигнати еден светски и два олимписки рекорда.

Највредниот резултат синоќа го постигна американската женска штафета во трката на 4 х 100 метри, која до златниот медал стигна со време на нов светски рекорд – 40.82 секунди.

На второто место се пласира штафетата на Јамајка , а трета беше Украина. Олимписките рекорди беа поставени во техничките дисциплини.

Во фрлање кладиво Татјана Лисенко од Русија фрли далечина – 78.18 метри што и‘ донесе златен медал, пред Анита Влодарчик од Полска и Германката Бети Хедлер.

Во скок со стап кај мажите Французинот Рено Лавиление во вториот обид прескокна 5.97 метри - нов олимписки рекорд и резултат за златен олимписки медал, пред двајцата Германци Бјорн Ото кој освои сребро, а Рафаел Холцдепе бронза.