1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американските спортисти во кинеска облека

Низ САД се шири бран негодување: униформите на американските спортисти на Олимписките игри, креирани од дизајнерот Лорен, се произведени во Кина. „Да се изгорат и да се врати достоинството“, гласи барањето.

Токму американскиот олимписки тим, одличје на нацијата, треба да носи униформи произведени во Кина. Сините сакоа и белите пантолони за отворањето на Олимпиксите игри во Лондон ги креираше познатиот американски дизајнер Ралф Лорен, но се сошиени во Кина, јавуваат американските медиуми. Тоа е добредојден повод за политичарите и проминентните да се профилираат како патриоти.

Разнишана верата во американската нација

Америка веќе не е она што беше порано, голема нација која го прати првиот човек на месечината, сега е „зависна од сстранска помош кога се работи за униформи, и тоа токму од кинеската конкуренција“, се вели револтирано.

Уште повеќе-во време кога насекаде во САД се затвораат работни места.

„Срамота е нашите американски спортисти за време на Олимписките игри да носат униформи сошиени во Кина“, изјави демократскиот пратеник во Конгресот Стив Израел. Шефот на Демократите во Конгресот, Хери Рид смета дека „Олимпискиот комитет треба да се засрами“.

„Униформите треба да се изгорат и да се изработат одново“, предлага тој.

Приватно финансирање

Портпарол на Олимпискиот комитет ја бранеше одлуката со образложение дека американскиот олимписки тим се финансира приватно, изразувајќи благодарност кон спонзорите и гордост за соработката со Ралф Лорен.

Белата куќа со коментар: „Ова не е тема за владата“. Но, претседателот Барак Обама верува во „високиот квалитет на американските производи“, што вклучува и  облека произведена во САД.

Засгнатите олимписки спортисти очигледно спорот го земаат не толку сериозно:

„Живееме во глобален свет“, изјави членот на одбојкарскиот тим на плажа, Тод Роџерс. Постојат поважни работи отколку каде Ралф Лорен ја произведува облеката.