1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Американските разузнувачи ја критикуваат ирачката влада

*

Расте притисокот врз ирачката влада . Во извештајот изработен од сите 16 американски разузнувачки служби, се вели дека во наредните шест до 12 месеци ирачката влада ќе делува се понеуверливо а ирачките безбедносни сили и натаму не се во состојба самостојно да се грижат за безбедноста во земјата . разузнувачките експерти оценуваат дека и покрај некои подобрувања , општото насилство во Ирак и натаму е многу големо. Истовремено влијателниот републикански сенатор Џон Варнер предложи преку делумно повлекување на американските трупи од Ирак да се испрати порака до ирачката влада дека ангажманот на САД во Ирак нема да продолжува до бескрај.