1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американските конгресмени сакаат помалку шпионажа - во САД

Американските пратеници инсистираат на ограничување на спорните шпионски програми на НСА. Надгледувањето во земјата треба да го одобрат специјални судови, ако веќе постојат осомничени. Тоа не важи за во странство.

Првпат откако поранешниот соработник на американската тајна служба Едвард Сноуден ја обелодени гигантската шпионска програма на Националната служба за безбедност, американскиот конгрес во Вашингтон се зафати со случајот. Пратениците од Републиканската и од Демократската партија сакаат да ги ограничат активностите на НСА.

За странство - поинакви правила

Според предлогот на републиканскиот пратеник Џастин Амаш, надгледувањето во САД во иднина може да биде дозволено само тогаш кога се работи за веќе сомнителни лица. На овој начин треба да бидат избегнати и намалени широко практикувани прислушувања на телефонските разговори и собирање на комуникациски информаци во САД. Во случај на непридржување, на НСА ќе и‘ биде скратен буџетот. Но, акциите на НСА во Германија и во другите земји не се засегнати од овие правила.

Претставничкиот дом за предлогот ќе одлучува денес и утре, во рамките на дебатата за буџетот за одбрана. Ова ќе биде прво гласање во Конгресот околу надлежностите на НСА откако Едвард Сноуден ја откри пред јавноста практиката на американската тајна служба на почетокот на јуни. Директорот на тајната служба НСА Кејт Александер на вчерашната строго тајна средба се обиде да ко скрши заканувачкиот отпор, известува американскиот интернет весник „Хафингтон пост“. Пратеникот Амаш од Мичиген на Твитер напиша дека мора да се почитува волјата на народот. Однесувањето на НСА не е партиско-политичка тема, туку нешто што го засега целиот политички спектар. Тој се надева на широка поддршка на Демократите, од партијата на претседателот Барак Обама.

Телеком го регулира прислушувањето со НСА

Германскиот весник Вестдојче алгемајне цајтунг објави дека германскиот Телеком со години ги поддржува акциите на прислушување на американските тајни служби. Телеком во 2001 година морал на тоа да се обврзе со договор, како што потврдил за весникот портпарол на фирмата. Соодветната клаузула била потпишана во рамките на преземањето на американскиот телекомуникациски концерн Воисстрим. „Без оваа одредба не можевме да работиме во САД“, вели тој.

Портпаролот на Телеком тврди дека со пислушувањето се погодени само разговорите кои почнуваат или завршуваат во САД, односно се водат во САД. Телеком не проследувал до американските служби податоци или разговори на германски корисници. Податоците во Германија се заштитени од американската тајна служба. Портаполот на Телеком понатаму вели дека соодветни договори за прислушување има и со тајните служби од други земји. Телеком не може да каже во кои земји прислушувањата се регулирани со договор, тоа се проверува.