Американските институции во Германија под терористичка закана | Теми на денот | DW | 21.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Американските институции во Германија под терористичка закана

Веќе се засилени безбедносните мерки а граѓаните на САД кои се наоѓаат тука во Германија се повикани повеќе да внимаваат.

default

Официјални информации , кој стои зад заканите нема но медиумите информираат дека станува збор за ирачка терористичка група

Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле потврди дека постојат конкретна закана за американските- институции во Германија .

"Американската амбасада им препорачува на Американците во Германија да ја зголемата својата претпазливост и да преземат соодветни чекори за зајакнување на сопствената безбедност. Постојат индиции деја е зголемена опасноста за американските институции и дипломатски претставништва"

САД во меѓувреме веќе ги заострија мерките за безбедност своите дипломатски претставништва но и други нивни институции во Германија ,

Меѓутоа ниту германските власти ниту американските претставници не дадоа повеќе информации за видот на заканата. Таа меѓутоа не е од поново време –истакна министерот Шојбле:

"Веќе подолго време соработуваме со американската страна кога станува збор за ваквите закани , со цел да ги утврдиме сите заеднички мерки"

Берлинскиот весник Тагесшпигел претходно извести дека исламистите од редовите на ирачката терористичка група Ансар Ал Суна планираат напади во Германија.

Како што меѓутоа беше соопштено предупредувањата од терористички напади не се однесуваат на другите европски земји туку само на Германија.