1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американските банкари го разбеснија Барак Обама

Претседателот на САД остро го критикуваше исплаќањето на високи премии за врвните банкарски функционери во кризната 2008 година. Срамно е да се исплаќаат премии и во истовреме да се моли државата за помош, порача Обама.

default

Американскиот претседател Барак Обама

Еден напис од насловната страница на весникот „Њујорк тајмс“ го разбесни претседателот Барак Обама. Токму годината на банкроти - 2008 била високо профитабилна за банкарите и брокерите вработени на Волстрит. Додека финансиските институции во ист глас молеа за државна помош и пари од даночните обврзници, нивните врвни функционери заработиле рекордни додатоци на платата во вкупна вредност од 18,4 милијарди долари.

Мора конечно да се покаже минимум одговорност

„Тоа е врв на неодговорноста и апсолутно бесрамно“, критикуваше Обама. Само во ретки случаи некој претседател на САД во камин -собата на Белата куќа говорел толку бесно и недвосмислено пред претставниците на меѓународниот печат.

USA Finanzkrise New York Börse Wall Street Straßenschild

Волстрит

„Овие господа на Волстрит заработиле милијарди, откако претходно преку вознемирувачки финансиски конструкции, финансиски руинираа милиони Американци“, истакна Обама дополнувајќи:

„Овие банкари од Волстрит, кои постојано молат за помош, мораат конечно да покажат минимум скромност и одговорност“, побара американскиот претседател, додека министерот за финансии, Тимоти Гејтнер, напрегнато гледаше во мермерниот под на Белата Куќа.

Шефовите на Ситигруп купувале луксузен авион додека молеле за државна помош

Конечно, новиот министер за финансии на САД, како поранешен шеф на Њујоршкиот оддел на Американската централна банка лично ги познава повеќето од критикуваните банкари и брокери.

Timothy Geithner, Chef der US-amerikanischen Notenbank

Министерот за финансии Тимоти Гејтнер

„Министерот за финансии, Гејтнер веќе мораше да спречи една финансиска институција да купи авион од 50 милиони долари, додека во истовреме прима државна помош“, истакна Обама.

Се мисли на загрозениот банкарски гигант „Ситигруп“, чии членови на Управниот одбор дискретно нарачале луксузен мини-авион, додека даночните обврзници во САД со кредит од 45 милијарди долари и помагаат на банката да се спаси од банкрот.

Смешно е претседателот на САД и министерот за финансии да мораат да им објаснуваат на банките дека некои работи едностано не се прифатливи, додаде Обама, но притоа јасно укажа:

„Повторно ќе дојде време, во кое банкарите, брокерите и шефовите на банките ќе можат со чиста совест да заработуваат бонуси тешки милијарди долари. Но, со сигурност не сега во ова време на драматична финансиска криза“, порача Обама.