1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американските амбасади остануваат под клуч

САД го продолжија терминот во кој нивни амбасади во земји на Блискиот Исток и Африка остануваат затворени. Превентивната мерка, воведена поради опасност од терористички напади, е проширена на поголем број претставништва

Некои амбасади и конзулати на САД во земјите на Блискиот Исток и Африка, кои беа затворени вчера поради постоење опасност од терористички напади од Ал Каеда, нема да работат до 10 август, но како мерка на претпазливост, а не поради нови закани, објави американскиот Стејт департмент. Дел од затворените американски дипломатски претставништва, меѓу кои тие во Кабул, Багдад и Алжир, денеска се очекува да продолжат со работа, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Американскиот Стејт департмент од вчера ги затвори амбасадите и конзулатите на САД во Авганистан, Алжир, Бахреин, Бангладеш, Џибути, Египет, Израел, Ирак, Јордан, Кувајт, Либија, Мавританија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Судан, Јемен и Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), поради добиени информации дека терористичката мрежа Ал Каеда би можела да нападне американски или западни цели на Блискиот Исток или во северна Африка. 

Германија пак го затвори вчера и денеска своето дипломатско претставништво во Јемен, исто како и Франција и Велика Британија.

Според изјавите на американски конгресмени, превентивните мерки се преземени врз основа на информации добиени од прислушување на разговори меѓу водачи на терористичката мрежа Алч Каеда.

„Добивме информации според кои водечки членови на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров разговараат заголеми напади“, изјави демократскиот пратеник Дач Раперсберг, член на Комисијата за контрола на тајните служби во Претставничкиот дом за ТВ АјБиСи.