1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американскиот Сенат дебатираше за повлекување на војниците од Ирак

Пратениците на Демократската партија повторно не успеаја да соберат доволно гласови во американскиот Сенат за да го протуркаат барањето за повлекување на американските војници од Ирак.

default

Двајцата најизгледни кандидати на Демократската партија за иден Претседател на САД: Хилари Клинтон и Барак Обама

52-ца сенатори го дадода својот глас за предлогот американските војници да се повлечат од Ирак до мај наредната година. Најголемиот дел од гласовите дојде од редот на демократската партија. Меѓу нив беше и кандидатката на демократите за иден претседател Хилари Клинтон, како и нејзиниот најостар соперник Барак Обама. За предлогот се изјаснија и тројца републикански сенатори, но сето не беше доволно, бидејќи за прифаќање на нацртот требаа 60 гласови.

Она што му дава посебна важност на овој обид е фактот што во Сенатот се расправаше цела ноќ за ситуацијата на американските војници во Ирак.

“Време е да ги повлечеме нашите војници од опасната зона среде ирачката граѓанска војна“ - порача видно уморната Хилари Клинтон околу 4 часот изутрина по локално време.

Мнозинството републиканци меѓутоа не го делеа нејзиното мислење. Тие сакаат да причекаат на извештајот што главниот комендатн за Ирак, генералот Петреус треба да го поднесе кон средината на септември. Во него треба да сведе биланс на иницијативата на претседателот Џорџ Буш за испраќање дополнителни 30.000 војници да го задушат бунтот. Давајќи му поддршка на сопартиецот Буш, републиканскиот сенатор Џон МекКејн ги критикуваше намерите на демократите:

“Секој од нас во Сенатот го потврди изборот на генерал Петреус и секој знаеше каква е неговата стратегија. Сега стоиме овде неколку месеци подоцна и се обидуваме да го саботираме.“

Меккејн и неговите сопартијци ја критикуваа и целата дебата како своевиден политички театар на демократите. Тие пак ја бранеа ноќната седница:

“Сакавме да им покажеме на луѓето кои минатата година не‘ избраа за сенатори дека работиме и цела ноќ ако треба со цел да ја прекинеме војната и да ги извлечеме нашите војници од граѓанската војна.“