1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американскиот Сенат ги зајакна санкциите кон Иран

Сенатот на американскиот Конгрес едногласно даде зелено светло за натамошни санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма.

Autor le0nmd Portfolio ansehen Bildnummer 32733433 Land Deutschland Repräsentative Kategorie Abstrakt Zeichen / Symbol Konzeptionelle Kategorie Soziale Fragen Kriminalität Krieg Keywords against agenda ahmadinejad allied america amerika army atom axis besatzung china christen conquer crises einmarsch fight gegen global globalisierung iran islam israel krieg krise kämpfen macht mittlerer mächte naher nato navy neue nuklear ordung osama ost osten revolution seals states taliban terror united usa versus war weltkrieg west world öl

USA gegen Iran

Сенатот едногласно го одобри пакетот од нови ограничувања на иранскиот извоз на нафта, неспоредно пред преговорите во Багдад меѓу шесте светски сили и Иран. Согласно новите мерки, компаниите кои работат на американските берзи треба да даваат известување за секој бизнис поврзан со Иран. Санкциите се проширени и на заедничките компании со Иран во енергетскиот сектор и во процесот на добивање на ураниум.

Предвидено е и одбивање на издавање визи и замрзнување на сметки на поединечни лица и компании, кои на Иран му доставуваат технологии и средства за задушување на протести, како солзавец, гумени куршуми и техника за набљудување. Текстот за зајакнување на санкциите против Ирак од Претставничкиот дом на Конгресот беше усвоен во декември.

Западот го сомничи Иран дека под плаштот на цивилно користење на нуклеарната енергија тајно работи на создавање атомско оружје. Советот за безбедност на ОН веќе воведе опсежни санкции против Иран.