1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Американскиот Конгрес за Косово

Обата дома на американскиот парламент денеска ќе расправаат за донесување резолуција за Косово. Во предлог резолуцијата што ја поднесоа четворица сенатори се бара претседателот Џорџ Буш да го поддржи планот на пратеникот на ОН Марти Ахтисари за надгледувана независност. На седницата на американскиот Конгрес исто така ќе се расправа на тема: „Изгледите за независност на Косово„. Таму ќе присуствува и државниот потсекретар за политички прашања Никола Барнс, кој претходно најави дека САД ќе ја поддржат декларацијата за независност на косовскиот народ, доколку Советот за безедност на ОН не усвои нова резолуција. Барнс во истовреме нагласи оти се надева оти Советот за безбедност сепак ќе донесе нова резолуција, по што ќе уследи признавање на Косово.