1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Американскиот војник- убиец „не бил здрав“

Адвокатот на американскиот војник кој минатата недела застрела 16 цивили, претежно жени и деца во Авганистан, тврди дека неговиот клиент не бил психички здрав.

default

Американски војници во Кандахар

Американскиот војник кој застрела 16 авганистански цивили минатата недела бил емотивно нестабилен и вознемирен поради одлуката да биде распореден во воена зона по четврти пат, тврди неговиот адвокат во САД. Адвокатот Џон Хенри Браун вчера за првпат излезе во јавност со тврдење дека војникот претходно добивал уверувања оти повеќе нема да биде распоредуван во воени зони. 38-годишниот наредник веќе бил на двапати потешко рануван во Ирак, а претрпел и повреди на главата откако неговото возило налетало на мина. Браун вели дека војникот, чие име се уште не се соопштува од безбедносни причини, на ден пред нападот бил сведок и на тешко ранување на негов колега, кому експлозија му ја откинала ногата.

Уште еден удар за авганистанската политика на САД

По одлуката на американската армија да го префрли војникот надвор од Авганистан, односите на Вашингтон со официјален Кабул паднаа на досега најниско рамниште. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи побара од странските трупи во земјата да се повлечат од руралните области во текот на следната 2013, наместо до 2014 година, како што беше првично планирано.

DARF NICHT MEHR VERWENDET WERDEN: Afghanistan Polen Kabul Pressekonferenz Karzai Komorowski

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Карзаи смета дека авганистанските трупи имаат капацитет да ја обезбедат сигурноста на руралните области, соопштија од неговиот кабинет.

Американскиот претседател Барак Обама вчера потврди дека се планира забрзано предавање на контролата врз одредени области на авганистанските сили, но одби тоа да го поврзе со барањето на Карзаи. Обама остана на претходно утврдените рокови, според кои, повлекувањето на странските трупи од земјата ќе се случи во 2014 година.

Американската политика кон Авганистан доби уште еден удар откако вчера и талибанците најавија дека се повлекуваат од преговорите со Вашингтон. Според познавачи, причина за повлекувањето е одбивањето на САД да ослободат петмина високи талибански функционери кои се во притвор во затворот Гвантанамо.

Автор: БГ/ап/дв

Редактор: Симе Недевски