1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Американска поддршка за реформите во Македонија

Министерот за одбрана на Македонија Лазар Еленовски, кој престојува во САД, од највисоките претставници на администрацијата, Конгресот и армијата доби недвосмислена поддршка за Македонија на патот кон полноправно членство во НАТО.

Вашингтон

Вашингтон

Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски не крие дека е презадоволен од досегашните јасни пораки за поддршка на Македонија од страна на САД. Неговата агенда за посетата на САД беше да се убедат македоснката, албанската и еврејската заедница посериозно да почнат да лобираат за членство во Алијанасата. Со средбите во конгресот, Стејтдепартменото и Пентагон пак да се види пулсот на американската администација.

По средбите во Пентагон и Белата куќа, на кои кусо се сретна и со шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс и министерот за одбрана на САД Роберт Гејтс, македонскиот минситер за одбрана со похрабра оценка за шансите на Македонија, за првата поголема цел влезот во НАТО

„Повеќе од очигледно е американската поддршка на сите нивоа, за нашата интеграција во НАТО. Меѓутоа исто и самата забелешка дека треба да ги продолжиме реформите. “ оцени Еленовски

Притоа тој е свесен, а и призна дека бил прашан за тоа од соговрниците, оти Македонија мора многу да стори во реформите во земјата. Пред се’ во економијата, борбата против криминалот и корупцијата. А тука е и нејасната ситуација околу финланиот статус на Косово, и посебно улогата на косовскиот заштитен корпус во новата косовкса реалност, каде меѓународната заедница уште долго ќе биде присутна со воена компонента.

На средбите во Вашинготн, минисерот за одбрана на Македонија Еленовски настапува заедно со својот албански колега Фатмит Медиу, што кај американските домаќини предизвика одобрување. Тоа најдобро го отслика конгресменот Френк Болт кој ваквиот заеднички ангажман го оцени како сигурен билет за следниот круг прошиурување.

Можеби најасната порака Македонија ја доби од командантот на командата за трансформација на Алијансата и воедно командант на здружената команда на армијата на САД генерал Лен Смит при посетата на Еленовски на американската база во Нортол на Атлантикот.

Во неколкучаовните брифинзи и директната средба генералот Смит јасно порача

„Македонија има изворедно лидерство со кое земјата оди напред и ние се радуваме однапред за партнерството со неа. “ изјави генералот Смит.

Инаку во хотелот Хилтон во Вашингтон денеска се оддржува традиционалниот молитвен појадок на кој присуствуваат над 3000 поканети гости од целиот свет. Лидери на држави, политичари естразни ѕвезди или познати јавни личности. Од Македонија оваа година на молитвениот појадок присуствуваат вицепремиерот Имер Селмани, минисерот за одбрана Лазар Еленовски, пратеникот Влатко Ѓорчев, сопругата на трагично загинатиот македонски претседател Вилма Трајковска и уште неколку други млади бизнисмени.

Поврзана содржина