Американска воена вежба пред иранскиот брег | Вести | DW | 23.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Американска воена вежба пред иранскиот брег

Американската морнарица ги започна најголемите маневри во последните 4 години пред иранскиот брег. Во вежбите учествуваат 9 воени брода, меѓу нив два носачи на авиони. Портпарол на американската армија соопшти дека овие маневри се одамна планирани и треба да им покажат на земјите во Персискиот залив дека САД и натаму ја гарантираат безбедноста во регионот.