1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Американската јавност будно ги следи изјавите на Рајс во Европа

Во ставот на највисоки претставници на администрацијата на Џорџ Буш околу тајните затвори на ЦИА се јавуваат противречности.

Што му шепна Рајс на домаќинот Јушченко во Киев?

Што му шепна Рајс на домаќинот Јушченко во Киев?

Шефицата на Стејт департментот Кондолиза Рајс на турнејата по европските земји вчера во Украина изјави дека САД не оправдуваат никави измачувања, ниту на своја територија, ниту во странство. Од друга страна од владата на Буш неодамна дојде изјава дека соодветната забрана за измачување не важи за Американците кои работат во странство. Еве какви се реакциите во американската јавност.

Официјален Вашингтон „мудро„ молчи и не ги коментира изјавите на Кондолиза Рајс дадени во Европа. А и шефицата на Стејт департментот нема да ја удостои јавноста со коментар за сопствените изјави на „стариот континент„. Таа уште за време на турнејата по Европа ги откажала договорените настапи на американските телевизиски станици по враќањето.

Нејзините изјави во странство меѓутоа будно се следат во јавноста. Том Малиновски од организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч„ изрази надеж дека Кондолиза Рајс зборува навистина од името на целата влада.

„Ако владата сериозно нема намера сурово да се однесува кон затворениците, тогаш не гледам никаква потреба од тајни затвори.„

Нивното постоење до сега официјално не го потврди ниту еден претставник на администрацијата на Џорџ Буш, но исто така не го но демантира. А бројните случаи на малтретирање во базата Гвантанамо беј на Куба, се повеќе силна индикација дека малтретирање сепак има. Доколку ги немаше, ќе беше потполно излишен и предлогот на републиканскиот сенатор Џон Мек Кеин, околу кој се крена пшрашина во Вашингтон. Тој имено поднесе предлог за забрана на нечовечки третман на затвореници, што наиде на огромна поддршка кај пратениците, но и на голем отпор од Белата куќа.

Политички набљудувачи како Ричард Фалкенрат, кој порано беше советник на Претседателот Буш, а сега работи во угледниот Брукинг институт, смета дека Кондолиза Рајс нема задоволувачки да одговори на бројните прашања на европските сојузници. Дури и ако одговорот биде коректен:

„Дали европските политичари и јавноста таквиот одговор ќе го сметаат за добар, тоа не знам, тие се многу скептични.„

Европската турнеја на Кондолиза Рајс всушност требаше да ги подобри и продлабочи трансатлантските односи. Но, таквата намера се чини неостварлива поради кризата околу тајните летови и затвори на ЦИА на европска почва. За Ричард Фалкенрат актуелните недоразбирања сепак нема да имаат трајни и подлабоки последици:

„Во многу случаи соработуваме со овие земји против светскста закана од тероризмот и тоа ќе продолжи понатаму, исто како и на многу други подрачја. Оваа афера донесе тензии, таа е секако многу непријатен случај и затоа односите со европската политика и јавноста се оптоварени и чувствителни.„